Интернационалниот натпревар во хортикултурна уметност кој се одржува во Монтреал, Канада е вистинско уживање за артистичките души и љубители на природата. Настанот има натпреварувачки карактер, а опфаќа креирање и монтирање на живи уметнички дела од растенија со листови во разни бои.
Изложбата беше отворена од 22 јуни минатат годинава и траеше до 29 септември во Ботаничката градина на Монтреал. За креациите се користат 22.000 видови растенија кои се распределени во 10 изложбени оранжерии и тематски градини.
Извор: Агри.мк