Некогаш, под овие води се наоѓало старото село Здуње, пишува Марко Џамбазоски. Ова село при создавањето на езерото Козјак било целосно потопено. Денес, неколкуте останати жители на селото живеат во нови куќи, кои им биле изградени над линијата на водата. Селата во областа Порече во минатото претрпеле масовно иселување и денес нивните жители се бројат на прсти.
Сепак, мирот и спокојот кои го нудат веројатно секогаш ќе бидат присутни, а пустите плажички опкружени со прекрасни релјефи и егзотичната боја на езерото се соврешно прибежиште од градското секојдневие.
Новата населба се наоѓа во областа Порече, во најсеверниот на територијата на Општина Македонски Брод.
Селото е сместено на алувијална рамнина, непосредно до реката Треска. Нејзиниот атар нашироко се допира со подрачјето на Општина Брвеница. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 520 метри. За сите љубители на планинарењето треба да се знае дека од селото Здуње има планински пат води над селото Близанско преку планината Фојник кон селата на Горно Порече.
А ако веќе го посетите овој регион, нашиот тим ви препорачува да го посетите и селото Самоков, кое село е опколено со листопадна шума, што претставува идеална есенска идила.