МЛАДИНСКИ ПЛАТФОРМИ ЗА ОДРЖЛИВА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА
Проектот го реализира Сојузот на извидници на Македонија, во четири општини од сливот на Брегалница: Штип, Кочани, Берово и Делчево. Цел на проектот е да придонесе младите луге во регионот на реката Брегалница да бидат свесни за потребите од заштита на природата и специфично на реката Брегалница и да играат активна улога во заштитата и зачувувањето од загадување на истата, преку спроведувае на конкретни активности.
Активности кои се реалзирани во рамки на проектот:
- Креирани младински платформи во општините: Штип, Кочани, Берово и Делчево. Три од платформите се активни, а во Кочани е регистиран и официјално Извиднички одред. Повеќе од 60 млади активно беа вклучени во активностие на платформите на локално ниво.
- Реализирана е пловидба по текот на р.Брегалница со мапирање на околината и живиот свет. Младите дополнително се здобија со едукација за снаоѓање во природа и начин како да ја мапираат околината
- Организиран Еко камп во с.Орел- Свети Николе со учество на младите од платформите, каде се здобија со едукација за биолошката разновидност и зачувување на природата, а од природни материјали беа изработени реквизити за уредување на дворот на објектот каде се одржа кампот.
- Организирани промотивни настани на плоштадите во Штип, Кочани и Делчево за промоција на младинскиот активнизам за зачувување на природата
- Проектот е промовиран преку локалните и регионалните медиуми
bregalnica-ncp.mk