На десетина километри од Крушево преку Крушевската корија до Манастирот на Тоше Проески Св. Преображени возејќи по преубав предел низ шума се искачувате на Врвот на Бушава планина, Стара Мусица на 1800 мнв. Но овојпат искачувањето ќе биде доста по адреналинско.
Ако се прашувате каде и што би можеле да правите во зимските денови, тогаш, тимот на Кајак.мк ве запознава со „Зимското Сафари“ кое е проект на Panorama All Seasons Adventures во Крушево.
Наместо пеш, овој пат искачувањето на врвот е со амфибија која е нова понуда на домашната туристичка мапа. Додека се искачувате кон врвот попатно може да забележете прекрасни пејзажи од сите страни: Солунска глава од една страна, Баба Планина од другата страна и магично зајдисонце. Доколку имате среќа може да ве пресретнат и диви коњи кои знаат безгрижно да галопираат по сртот.
Овој проект е наречен „зимско сафари“ поради тоа што нуди можност за слободно скијање, пешачење и други активности на врвот на Бушава Планина.
Турата се организира со брендирана амфибија со која може да се посетат и недостапните места на Стара Мусица и околината. Тимот кој ја реализира турата се добри познавачи на теренот, сертифицирани спасувачи и водичи подготвени да ја спроведат турата.
За пролетта е се уште рано да се зборува, но од Panorama велат дека во подготовка е зип-лајн, планински Го-Карт, велосипедски патеки кои ќе бидат под водство на Швајцарски експерт кои веќе 20-тина години се грижи за познатите Сант Мориц, Давос, Лензерхајде во Швајцариј и Солден во Австрија.
kajak.mk