Ноември е прилично сув месец во Македонија, но тоа не значи дека не треба да понесете опрема со вас доколку појдете на планина. Нашиот тим ве советува пред секое планинарење да се консултирате со водич кој добро ја познава планината, а и да побарате тој да ви ја организира турата. За денеска имаме едно одлично место кое треба да биде задолжително на вашата листа.
Во централниот дел на Македонија, се наоѓа еден од најубавите планински масиви во нашата земја. Масивот Јакупица, познат уште како и масив Мокра се состои од повеќе планински целини. На Мокра има доста уникатни места кои вреди да ги посетите, а денеска ве запознаваме со горските очи или салаковските езера. Пред да прочитате некоја информација повеќе и начини на кои може да го ги посетите, важно е да напоменеме дека „апетитот“ за да ги споделиме со вас овие прекрасни езерца ни дојде од фотографиите една доста амбициозна и авантурист девојка која на инстаграм е позната како @marulka_987 каде споделува преубави места кои вреди да ги посетитие.
До Салаковските езера може да се дојде од повеќе населени места: Црн Врв од север, Алдинци (пл.дом Караџица) од североисток, Тажево и Белица (Порече) од југозапад и Патишка Река од северозапад.
Малото Салаковско Езеро се наoѓа во северозападниот дел од Салаковскиот цирк на надморска височина од 2.171 метри. Зафаќа површина од 850 метри кв., а неговата максимална длабочина изнесува 2,5 метри. Големото Салаковско Езеро го завзема југоисточниот дел од Салаковскиот цирк и се наоѓа на надморска височина од 2.170 метри.
Тимот на Кајак.мк ве советува да го искористите сонцето и да се подготвите за една добра еднодневна тура која може да ја организирате со искусни планинарски водичи кои знаат да ја владеат планината.
Свежиот воздух, сончевото време и ширините на планините се она кое треба во моментот да го искористиме во борба против депресијата и стресот кој ни го наметнува пандемијата. Ова прекрасна активност има многу предности, меѓутоа не се изложувајте на ризик да ги реализирате сами. Во нашата земја има доста врвни планинарски водичи кои во моментот ја очекуваат нашата поддршка.
Текст инфо: https://www.igeografija.mk/
http://www.kajak.mk/