Градот Велес деновиве добива два летниковци на потенцијалните излетнички места кој во последно време се многу посетувано од сите граѓани на Општина Велес. Изминатиот ден се постави летниковецот на излетничко место „Вршник“ а за неколку дена предвидено е поставување и на најголемиот рид во околината на Велес – рид Св.Илија.
Посебна радост и задоволство ќе преставува за сите љубители на природата кои секојдневно го посетуваат ова потенцијално излетничко место. Се надеваме дека овие летниковци нема да останат сами, дека со спроведување на други слични проекти ќе имаме многу други интересни предлози кои ќе го зголемат интересот на геѓаните на Општина Велес за посета на ова место
Истовремено во Општина Чашка веќе се постави ист ваков летниковец, со што се комплетира проектната активност за Набавка и монтажа на летниковци во Општина Велес и Општина Чашка.
Дополнително, во близина на двата летниковци во Општина Велес ќе се постават и по 4 столбови со фотоволтаични светилки на сончева енергија со што ќе се обезбеди светлина за посетителите во вечерните часови, а дополнителни 10 столбови со вакви светилки ќе добие и Општина Градско кои ќе ги постави во излетничко место Подлес.
Со ова продолжуваме со спроведувањето на проектните активности на ЛАГ ВАРДАР ЛЕАДЕР. Општина Велес и Општина Чашка несебично помогнаа за реализација на целиот проект, а конкретно за поставувањето на овие летниковци двете Општини партиципираа со изградба на постаментите на овие летниковци, а Општина Градско партиципира со самостојно поставување на столбовите.
ФБ статус на ЛАГ ВАРДАР ЛЕАДЕР
aberdojde.mk