Во последниве години стана многу популарно старите автобуси да се претвораат во подвижни домови. Но, Дони Рае Франклин од Канада сфати како да направи основа за одгледување зеленчук, зачини и други билки што ги користат за храна. Така ја остварила својата необична идеја, од автобус направила стакленик.
Идејата е одлична за неа, бидејќи старото возило е далеку посилно од класичната стаклена градина. Како што стои на тркала, ваква стаклена градина лесно може да се организира во дворот.
Покрај тоа, во студените делови на светот, изградбата на стаклена градина може да биде многу скапа, во зависност од користениот материјал.
На пример, полиетиленската пластика е релативно прифатлива, но тешко е да се издржи силниот ветер. Заради тоа треба да се менува на неколку години. Од друга страна, можно е да се купи стар училишен автобус во Канада многу евтино, и има многу поцврста конструкција.
Дони, со помош на членови на семејството, го отсече покривот на автобусот и го замени со тврда пластика (поликарбонат). Сите седишта беа исфрлени. Таа не го фрли металниот покрив, туку го исече и го обликуваше во саксии за садници. Вели дека тоа е подобра идеја од дрвените кутии кои брзо почнуваат да скапуваат.
За време на потопло време, може да ги отвори постојните прозорци во автобусот и на тој начин да дозволи воздухот внатре во стакленикот слободно да циркулира и да ја намали температурата.
Заштита, осигурана жетва и мобилност, се во едно
Таа го остави покривот на другото возило и таму одгледува растенија за кои е потребно помалку светло. Во исто време, тој автобус сообраќа по други фарми по потреба.
„Како што сè повеќе се занимавам со комерцијално градинарство, сфатив дека овие оранжерии се најдобриот начин да се постигне сигурна жетва и заштита од мраз и ветер“, рече таа, додавајќи дека планира да претвори повеќе стари автобуси во практични оранжерии, а се продаваат за околу 8.000 американски долари, што, според неа, е околу двапати поевтино од просечната класична стаклена градина.
zemjodelie.mk