На 25.12.2021 година во Пехчево беше одржано основачко собрание на новата организација која ќе работи на развој на руралниот туризам на територијата на цела Македонија.
Организацијата е основана од граѓанските организации Центар за лековити билки и шумски плодови АМБРОЗИЈА Берово, Фондација за локален развој и информатичка технологија ФЛОРИТ Гевгелија, Центар за локален развој ЦЕЛОР Радовиш, Рурален центар Огражден Босилово и Здружение за рурален развој ГЛАС НА СЕЛОТО Куманово.Организации кои веќе дестина па и повеќе години работат на полето на руралниот и локалниот развој.
Ова е прва организација во Македонија која целокупното дејствување ќе го насочи во развивање, поттикнување, помагање и искористување на сите природни, материјални и човечки ресурси, како на пример селски стопанства кои нудат угостителски услуги, локални производители на храна, организации за авантуристички спортови или се она што го сочинува селскиот или руралниот туризам.
Националната асоцијација за развој на руралниот туризам ќе се труди да внесе нова енергија и нови креативни решенија во развојот на оваа стопанска гранка.
– „ После долги години работа во руралниот развој ја реалзираме дамнешната идеја која зрееше со години за формирање на ваков вид на организација која треба да го собере целокупниот туристички рурален или селски потенцијал и да го канализира со цел запознавање на нашите граѓани со убавините кои ги имаме, потенцијалите, па и развивање и помагање на организациите или селските стопанства кои сакат да се занимават со ова благородна професија„
– изјави Јасминка Пашалиска Андоновска, Претседател на Управниот одбор на асоцијацијата.
Ние како медиум ќе ја чекаме поканата за јавна промоција на оваа организација, која треба да се случи во почетокот на месец февруари каде ќе биде претставена Програмата за работа на ова асоцијација, како и целите.
Како редакција за крај на оваа календарска година им посакуваме успешен почеток во новата година.
aberdojde.mk