До нив се стига по патеката која на самиот почеток има и информативна табла на која стои и јасно предупредување, „Пешачењето кон изворите да не се изведува во зима, доцна есен и рана пролет“. Планината Јакупица, каде се наоѓаат изворите на Бабуна, е речиси недопрена од човекот.
Тие што сепак ќе се решат да ги видат и да се напијат вода од изворите, треба да се подготват за неколкучасовно пешачење.
Патот почнува од рибникот кај селото Нежилово, во месноста Азот. Доколку патувате од Скопје, до селото со автомобил се пристигнува преку Велес и Богомила.
kajak.mk