Тимот на Абер дојде го посети основното училиште во Иловица за време на активностите во рамките на проектот „Отворен ден“. Работна атмосфера, детски џагор, идеи рој. Прекрасно се чувствувавме.
„Многу детски срца денес чукаат во ритамот на шаренилото, многу детски раце денес мечтаат за творење, многу детска креативност во воздухот лебди. Многу среќни лица на едно место збрани. Градска средина- селска средина. Градски живот- селски живот. Градски училишта и деца- селски училишта и деца. Зошто мора да постои таа поделба? Нели сме сите исти? “ ни рече директорот Софија Митрова.
Наставничката Зорица Пармачка Велинска мудро молчеше и сè запишуваше. По завршувањето на активностите на тргнување од училиштето ни рече: – Еве го денешниот ден виден низ моите очи. Точно така да објавите.
Речено – сторено.
Наставник Зорица Пармачка Велинска :
Патувајќи до работата постојано ми се врти таа мисла. И конечно стигнувам во дворот на ООУ „Св. Кирил и Методиј “ село Иловица, општина Босилово. Сместено на границата меѓу двете села Иловица и Штука, училиштето „Св. Кирил и Методиј “ блеска со својата автентичност. Низ неговите ходници поминале многу генерации од коишто произлегле угледни луѓе што помагаат за доброто на општеството.
Една таква генерација е и последната генерација која што сега треба да слави полуматура, да заврши основно образование, а таа што е после нив. Сакајќи да остават свој печат пред да го напуштат училиштето и тоа во време на пандемија, кога и наставата се одвива преку ИТ- уреди, се состанаа на ниво на училишна заедница. На тој состанок се договорија да придонесат во разубавувањето на училишниот двор.
Да искористиме малку и коцкарски израз им дојде како „кец на десетка“, иако не знам што значи тој израз бидејќи не се коцкам, и проектот по предметот Граѓанско образование „Отвореn ден “ со наставничката Елена Николова, која воедно беше и координтатор на цела оваа акција.
– Наставничке може ли како тема за отворениот ден да ни биде „Разубавување на училишниот двор?“ – праша Катерина Иванова.
– Баш убаво се сети Катерина! – рече наставничката. Со ова ќе оставите трајно наследство за следните генерации.
– Наставничке ние имаме неколку предлози, да ви ги соопштиме ли сега? – праша Тамара Стојанова.
– Да, Тамара. И потоа ќе разговараме и со директорката.
Потоа наставничката Елена ѝ го соопшти планот на директорката.
– Одлично наставничке Елена, – рече директорката Софија Митрова.
Планираните активности ви се прекрасни:
- Стоногалка со македоската азбука;
- Полжавче со англиската азбука;
- Пикадо;
- Цвет со броевите од 1 до 10;
- Табела на десетки;
- Клупи за седење;
- Гарнитура од палети.
- Ајде да се организираме што побргу Елена!- рече директорката Софија Митрова.
- Ви благодарам за подршката директорке Јас ќе ги известам надлежните институции, а ќе ни треба помош и од наставникот по Ликовно образование, Драги Бусев.
- Јас ќе го исконтактирам него рече директорката Софија.
Децата беа информирани наставникот Драги Бусев исто така и сите се впуштија во акција. Дворот личеше ма ливада полна со пеперутки додека децата цртаа, боеја и пишуваа.Сите беа среќни и весели. Целосно се смени изгледот на училишниот двор.
Конечно дојде и денот 22.3.2021 година. Понеделник. „Отворен ден“ по предметот Граѓанско образование. Денот кога требаше да се презентира она што е сработено од страна на децата. Беа присутни претставници од МЦГО, БРО, учениците и наставници. Најпрвин се обрати директоркатата со зборовите:
„Почитувани претставници од МЦГО, советниче од БРО, колеги, ученици…добар ден и од мене и добре ни дојдовте на оваа наша денешна виртуелна средба. Чест ми е што имам можност да Ви се обратам и да го искажам своето задоволство што ООУ „Св. Кирил и Методиј“, за прв пат реализира „отворен ден“, во рамки на предметот Граѓанско образование. Морам да признам дека предизвикот беше голем, од проста причина што сето тоа требаше да се организира и да се реализира во согласност со целокупната ситуација во која сите ние се наоѓаме. (Не можеме, а да не ја спомнеме актуелна ситуација со пандемијата со Ковид-19). Да напоменам дека сите активности и дејствија што се преземаа, беа во согласност со сите мерки за заштита кои се пропишани со Протоколите за постапување во основните и средните училишта во услови на Ковид-19. И повторно, земајќи ги во предвид финансиските и материјалните можности на училиштето, општината и останатите учесници, во нашето училиште беа спроведени повеќе активности: можеби скромни по бројка, но сепак многу значајни, кои имаат своја тежина и цел: кај учениците да се развијат способности за иницијативност, активизам и одговорност. Драги ученици, продолжете и во иднина да бидете активни и одговорни ученици, а понатаму во животот активни, информирани и одговорни граѓани на нашето општество, кои ќе придонесуваат за развој на својата заедница. Токму вие бидете оние кои ќе предизвикуваат позитивни промени, најпрво во вашата заедница, а потоа и во поширокиот круг на дејствување.“
Потоа се обрати и наставничката Елена и учениците можеа да почнат со својата презентација за она што го имаат сработено. Им беа поставувани прашања од страна на гостите на кои тие лесно и успешно одговараа.
Заврши тој ден, заврши 22.3.2021 година. Заврши една етапа од активностите во училиштето, но со три точки (…), знак не за крај, туку за продолжување со други и други активности.
Тргнав кон дома полна со возбуда и среќа. Среќа е да бидеш наставник на село. Среќа е бидејќи докажавме дека и малите нешта вредат и можат да постигнат многу. Нашето училиште го докажа тоа.
aberdojde.mk