РЕЦЕПТИ ЗА НАЈВКУСНИТЕ ДОМАШНИ КОЛБАСИ
За оние кои не јадат свинско замената е говедско месо
1.ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
20 кг свинско месо од плешка (месото мора да биде зрело, -свињата не смее да биде млада)
5 кг грбна сланина (од свиња)
зачини (процентот оди на количина мелена смеса)
1% црвен пипер (ако сакате колбасите да бидат малку лути, тогаш ставете 0,8% сладок пипер и 0,2% лут пипер). Најдобро е ако имате домашен. 1% лук 1,8% сол
Свински црева за колбасите-
Со месото полнете ги цревата и сушете ги на 4-5 дима (секој втор ден), значи вкупно 8-10 дена и после колбасите оставете ги во димница, да се издимат и добро да се исушат.
2.ДОМАШНИ КОЛБАСИ СО ПРАЗ
Состојки:
5 кг мелено мешано свинско месо (врат, плешка)
2 кг ситно сечкан пафлак
1 кг крупно мелена сланина
2 кг мелено телешко месо
4 големи парчиња праз
250 гр сол
30 гр бибер
6 лажици буковка пипер
свински црева по потреба.
Најпрво убаво измешајте го, измесете го само месото. Потоа додајте ги зачините и пак убаво измесете, да се спојат зачините и месото. Оставете ја смесата на ладно преку ноќта. Другиот ден полнете ги цревата. Оставете ги неколку дена на ладно место, обесени, да се сушат.
Кобасиците правете ги со големина по ваша желба. Кога ќе ја добиете посакуваната големина, свртете ја кобасицата неколку пати. Нема потреба од чворчиња, самото црево се суши, се лепи и се стега.
На почетокот на цревото ставете малку масло за да можете полесно да го монтирате на делот за полнење. На крајот од цревото врзете чворче и почнете со полнење на машинката. Работете внимателно. Направете ги кобасиците густо набиени, но внимавјте да не ви испука цревото. Доколку испука, исечете го тој дел, месото вратете го во смесата и полнете од почеток.
Секако, можете и да ги исчадите малку доколку ги сакате такви.
zemjodelie.mk