Пандемијата нè научи да се вратиме барем малку во природата, здравата исхрана и здравиот начин на живот. Вистинско време е да се започне со рурален туризам. Тоа влијае на развојот и зачувувањето на руралната област и на селото со сите свои вредности. А тоа е нашата цел – зачувување на локалниот идентитет, традиција и обичаи.
Мината година на крајот на пролетта, некое време чувствувавме олеснување и помисливме дека ситуацијата со вирусот корона се смирува. Почнавме да планираме летни одмори на море, но ненадејниот пресврт со зголемување на бројот на заразени ни ги смени плановите. Ама сепак би сакале да поминеме летен одмор и да патуваме.
Еве можност за рурален туризам. Ако некој се двоуми или некогаш планирал да инвестира во овој вид туризам, сега може да вложи во него без двоумење.
За време на пандемијата, населението посветува поголемо внимание на здравата исхрана, поминува повеќе време во природа и посетува повеќе пикник области. Важна напомена е доколку имате услови да го започнете со реновирате на вашиот имот за рурален туризам.
Како да започнете?
На почетокот, можете да започнете со помала површина, со или без неколку кревети за ноќ, со понуда на домашна храна. Многумина се заинтересирани за живот и работа во село. Некои гости не се заинтересирани само да ја видат природата и имотот, некои би сакале да се вклучат во работата со одредени активности, на пример, многумина сакаат да се обидат да возат трактор, да косат рачно, да собираат сено, да молзат крава, да плетат, ткаат.
Сето ова може да се претстави и пласира на заедничка задоволство на домаќинот и гостите. Има се повеќе луѓе кои сакаат да произведуваат храна за себе, но не знаат како да започнат со тоа. Можете дури да одржите некои курсеви за производство на здрава храна, како и домашни курсеви (везови, плетење, капчиња, ткаење) како дел од аранжманот за патување. Постојат многу позитивни примери на рурален туризам и во нашата земја и во околината, само треба да бидете малку креативни и снаодливи. Во руралниот туризам има голем број многу успешни луѓе и домаќинства.
Можете дури да поставите еден дел од вашиот имот како изложба на стари јадења, постелнини, ракотворби, народни носии, алатки, за да изгледа поавтентично и да бидете што е можно попривлечни.
Дизајн можности за екскурзии и рекреација
Покрај сместување, храната, околината, треба да дизајнирате и можности за екскурзии и рекреација, така што гостинот да се чувствува добро и да ужива.
Еве неколку совети за оние фарми кои веќе имаат воспоставено земјоделско производство и сакаат да му се посветат на руралниот туризам со изнајмување соби и прием на гости.
Како прво, економскиот двор мора да се оддели од куќата и од дворот што ќе го користат гостите, бидејќи ако домаќинот поседува фарма, непријатниот мирис ќе се шири во просториите каде што ќе бидат сместени гостите.
Економскиот двор можете да го одделите со sидови изградени од природни материјали (печени тули) и растенија ползавци покрај него, така што сè ќе биде подредено на уживањето. За секоја конструкција на ограда или слично, користете природни материјали како дрвени огради.
Декоративни растенија и грмушки треба да бидат засадени во согласност со просторот. Секогаш е подобро да се засадат економски одржливи украсни грмушки, како што се лешници, бидејќи нејзината крошна дава сенка, ги консумираме плодовите, а во исто време е декоративно. Потоа јоргованот, јасминот, покрај тоа што се привлечни растенија, ами и се со опојни мириси.
Тревникот е основа на сите уредени дворови, затоа треба да му се посвети посебно внимание. Треба да се води сметка и за отпадот. Би било пожелно да се сортираат органски од неоргански отпад, оддносно, домаќинот да има развиен еколошки свет што ќе им ја пренесе на гостите. Во одреден агол од неговиот имот, би било добро да се собере органски отпад и на тој начин да прави компост – органско ѓубриво.
Со воведување на рурален туризам, земјоделските фарми ќе си обезбедат дополнителен извор на приход. На овој начин, тоа ќе влијае на развојот и зачувувањето на руралната област и селото воопшто со сите свои вредности. А зарем тоа не е нашата цел – зачувување на локалниот идентитет, традиции и обичаи?
agroklub.rs