За да се излезе што побезболно од кризата, многу е важно во наредниот период да се споделат лекциите кои што се научиjа, но и сеуште се учат, па кога станува збор за заштитата и информирањето, здружението Проагро Фармери и во услови на пандемиjа го реализира овој проект со е-кампања, теренски посети и доделување на заштитни средства на фармерите во руралните подрачја.
Од друга страна пак ова е можност повеќе да се посвети внимание и на процесот на дигитализациjа на секторот земjоделство и рурален развоj и да се користат електронските алатки и методи.
Штетите од коронавирусот во многу сектори допрва ќе се утврдуваат, но она што е сигурно е дека пандемијата покажа дека синџирот на производство на храна е од национална важност за секоја земја.
ФБ статус на ПРОАГРО ФАРМЕРИ