Еко тимот на Кајак.мк ве запознава со уште една еко личност која својата животна приказна ја пишува во селото Бистрица.
Ве запознаваме со Виолета Јанеска. Жената со која ја надополнуваме нашата листа од луѓе кои ќе го трансформираат туризмот во 2021-ва година.
Виолета живее во селото Бистрица. Село кое се наоѓа на над 600 метри надморска височина и на само 5 километри од Битола. Во ова село луѓето се бават со овоштарството, но застапени се и житните и градинарските култури, а помалку се застапени индустриските култури. Со овоштарство се занимаваат 77% од населението, со полјоделство 20%, а најмалку со 3% е застапено сточарството.
Што би рекле ние од Кајак.мк идеално село за развој на еко туризам.
Како и повеќето, така и Виолета се бави со овоштарство. За уредениот двор од нејзината куќа, вели дека самата се грижи, а додека пак со овоштарството работи целото семејство.
Дворот го користи за подготовка на вкусна домашна храна за која знае цела Битола и регионот. Од ајвар, џем, густи сокови, туршија па се до специјалитети од секаков вид на брашно и квасец.
Она што нам ни обрна внимание, се густите сокови кои ги произведува таа со овошје дирекно од нејзината фарма. Ова е добар и интересен момент да се искористи за развој на домашниот туризам во овој предел од државата. Виолета вели дека омилениот густи сок кој таа го подготвува соодржи тиква, моркови и јаболка. Домашни градинарски плодови.
Ни ја открива и процедурата. Вели дека овошјето треба да биде рачно добро исчистено. Се става на варење, па се блендира со рачен миксер, а потоа се цади. Во исцадениот сок се додаваат 2 лимонии и доволно количество вода за да не биде густо.
Виолета вели дека дел од производите ги продава на пазар, а се надева дека свеста за конзумирање на здрава храна се повеќе ќе расте. Секој слободен викенд е идеален да се искористи за истражување и откривање на македонските села. Особено во период кога границите се затворени. Кајак.мк како туристички сервер, се надева дека селото Бистрица ќе биде се поактуелно на туристичката мапа.
Доколку се одлучите да го посетите ова село, еве што можете да посетите:
Црква „Св. Ѓорѓи“ – главната селска црква;
Црква „Св. Никола“ – главната манастриска црква на Бостричкиот манастир;
Археолошки наоѓалиштa
Во Селото — населба од римско и доцноантичко време;
Стара Црква — некропола од железно време;
Св. Ѓорѓија — базилика од старохристијанско време