Месец јануари. Тимот на Абер дојде беше во посета на земјоделските парцели кои ги обработуваат жителите на беласичкото село Банско, а кои се наоѓаат на само неколку стотина метри од термалните извори, кои овде ги има уште од третит век п.н.е. Доказ за тоа е термалната бања (римска терма) која е откриена пред неколку децении, а е детектирано дека потекнува од третиот век.п.н.е.
Жителите на оваа село своите раноградинарски култури, односно расадот за истите, го посеваат многу порано од другите раноградинари во Македонија. Уште во октомври. Тоа е првиот чекор кон обезбедување на зрелост на земјоделски производи за да може да почнат да се берат уште во јануари.
Друг важен услов за таквата рана градинарска берба е топлата вода која жителите ја зафаќаат од термалните бунари и со пластични или метални цевки ја спроведуваат до нивните пластеници. Топлата вода која ја добиваат е благодет за која раноградинарите од Банско велат дека е дар од природата.
Овој тип на раноградинарство не е овде нов и е доста развиен, со големо и богато искуство, кое веќе се пренесува на трета или четврт генерација во едно семејство. Раноградинарите од оваа село заради специфичноста во условите во кои ги одгледуваат своите култури, постојано се во контакт со стручни лица од Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството i со земјоделски консултански куќи кои им помаагаат во зголемувањето на приносите, a и во одржувањето на растенијата во добра и здрава кондиција заради добивање на квалитетни и здрави плодови.
Најчеста култура која овде се посејува се надалеку познатите лути пиперки од село Банско. Во самото село има и своевиден мал земјоделски пазар на големо, каде трговци од цела Македонија доаѓат за откуп на лутите пиперки, кои понатаму ги диструбираат низ другите краеви на Македонија.
Овој начин на откуп на лутите пиперки многу ни го олеснува пласманот, бидејќи не трошиме време и средства за дистрибуција, велат жителите на село Банско.
Раноградинарите од оваа село го испратија тимот на Абер дојде со покана и за идна наша посета, во која прилика подетлано ќе ни го објаснат овој специфичен начин на раноградинарење.