Јас сум од село Крупиште, а со пчеларство почнав да се занимавам од 2016 г. Сега сум регистриран фармер-пчелар.
Моите знаења за пчеларството ги добив со посетата на основната и напредната обука за производство на пчелни производи, организирана од Програмата за зачувување на природата (ПЗП). Започнав со 3 пчелни семејства дадени од ПЗП, а моментално пчеларам одржливо, во с. Жиганци, со околу 80 пчелни семејства применувајќи ги биотехничките методи. Методот „Отстранување на легло“ за мене е најсоодветен и најлесно применлив. Во зависност од условите и можностите пчеларам и селидбено.
Да се биде во светот на пчелите е посебна привилегија и затоа сум задоволна што можам моето време да го посветам на оваа благородна професија.
Се надевам дека свеста во иднина кај овоштарите и човечкиот фактор ќе доминира во правец на зачувување на природата и пчелите кои се значајни за нашиот опстанок. Соработувам со сите пчелари од здруженито „Меден Исток“ во размена на новитети и искуства за поефикасно пчеларство и поголеми приноси.
medenistok.mk
aberdojde.mk