Сушарата во Смојмирово ќе биде наменета за сушење на овошје и зеленчук. Капацитетот на оваа сушара ќе биде 10 тона на ден. Наменета ќе биде пред се за сушење на слива.
Површината на објектот за сушење на сливи но и друго овошје и зеленчук ќе биде на 1000 метри квадратни.
Во план е и проширување на капцитетот на сушарата на 20 тони дневно.
Планирани се 9 вработувања во оваа сушара. На приватниот сопственик д-р Зоран Кракутовски му посакуваме многу успех а на Земјоделците од овој регион сигурен пласман на своите производи .
Вакви инвестиции во Руралните средини се многу потребни за да се спречат младите да заминуваат од овие прекрасни региони.
Ова е добар пример на инвестирање во кои што полза ќе имаат и инвеститорите и локалното население кое што како кооперанти во вакви преработувачки капацитети ќе може да го продава своето производство во овој случај сливи.
zemjodelie.mk