Недалеку од големите осветлени булевари и полните трговски центри, се простира Македонија. Мојата Македонија. За мене Македонија е секое она затскриено местенце на кое стапнува мојата нога, а во мислата изговарам “дома”.
Во нашата Македонија постои место од чие тло се слуша татнеж и лелек, таму и големиот камен, и брзата река, и мирната вода, и расцветаната цреша, и селската чешма, и напуштените куќи ти ја раскажуваат својата приказна. Додека ги слушаш, ти навира жалта во грлото и очите, во душата.
Па, во следниот миг те обзема восхит за нивната истрајност низ бремето и времето. Дури потоа почнуваш да дишеш. Ги вдишуваш спокојот, молкот, денот… Во Мариово! Моето Мариово! Во мојата Македонија.
Каролина Алачова