Овој факт ја прави нашата татковина совршено место за птичарење. Но што е птичарење (Birdwatching)?
Набљудување на птици или птичарење е процес на проучување на птиците со голо око преку направа за подобрена видливост, каква што се двогледот, камера или преку слушање на звуците кои ги испуштаат птиците.
Денес, птичарењето е најпопуларно хоби во светот, заедно со планинарењето. Тоа всушност е најпопуларно хоби, надвор од другите спортски активности. Низ светот, птичарењето е една од најразвиените гранки во екотуризмот и активниот туризам.
Птичарењето е хоби преку кое се запознаваме со природата, учиме за животот на птиците и нивната екологија, но и си го подобрување здравјето. Ефектот од набљудувањето на дивината има неверојатен ефект врз ментално здравје.
Во овие денови, кога се повеќе ја разбирам потребата од здравата и чиста живтона средина, сите треба да одвоиме повеќе време за да уживаме во нашето незаменливо природно богатство – птиците и да покажеме поголема грижа за нивно зачувување. Птиците се многу ранливи и не треба многу за да ги загубиме.
Чести видови птици во Македонија
- Белоглав мршојадец (Gyps fulvus) | Griffon vulture
- Билбилче (Carduelis carduelis) | European goldfinch
- Голем корморан (Phalacrocorax carbo) | Great cormorant
- Голем шарен клукајдрвец (Dendrocopos major) | Great spotted woodpecker
- Голема сипка (Parus major) | Great tit
- Долгоопашеста сипка (Aegithalos caudatus) | Long-tailed tit
- Кадрав пеликан (Pelecanus crispus) | Dalmatian pelican
- Кукавица (Cuculus canorus) | Common cuckoo
- Кукумјавка (Athene noctua) | Little owl
- Мал корморан (Microcarbo pygmaeus) | Pygmy cormorant
- Рибарче (Alcedo atthis) | Eurasian Kingfisher
- Селска ластовица (Hirundo rustica) | Barn swallow
- Сива чапја (Ardea cinerea) | Grey heron
- Славејче (Luscinia megarhynchos) | Nightingale
- Сојка (Garrulus glandarius) | Eurasian jay
- Ќос (Turdus merula) | Eurasian blackbird
- Црвеногушка (Erithacus rubecula) | European robin
- Цуцулест нуркач (Podiceps cristatus) | Great crested grebe
doma.edu.mk