Во насока на зачувување и негување на културните вредности на Зрновци во регионалниот етнопарк и етно куќа ќе се сместат стотици експонати, сведоци на минатото, што ќе останат во наследство на идните генерации.
Етнокуќата има автентичен селски изглед и во неа ќе бидат изложени домашни алати, облека и стари предмети што се карактеристични за регионот.
Заради комплетирање на експонатите ги повикуваме сите граѓани кои имаат стари предмети што ги користеле нивните предци при секојдневното живеење, а што веќе не им се потребни, да ги донираат.
Тоа можат да бидат разни предмети од текстил, дрво, метал, глина, стари фотографии и слично, при што ќе биде назначено од која фамилија потекнуваат. Старите фотографии ќе бидат преработени, ќе се изработи копија, а оригиналите ќе им бидат вратени на сопствениците.
glasno.mk