Восхитува во секое годишно време – лете ќе ве освежи, а зиме ќе ве зачуди со својата замрзната убавина. Се наоѓа на надморска височина од 610 метри на реката Баба во пазувите на планината Беласица, меѓу јаворова шума и камени гребени. Водата од водопадот паѓа од висина од 19 метри.
Kолешински водопад
Замисли си да чекориш низ шума во релаксирачко попладне. Денот е пријатен и температурата во планинското село е посвежа а и воздухот е поосвежителен отколку жегата во долината.
Твојата патека е испреплетена со мал поток. Кај малиот мост застануваш и се загледуваш во кристално чистата вода во која речните ракови пливаат под површината. Продолжуваш, патеката оди паралелно со потокот и веднаш потоа се пресечуваат со друг мал, дрвен мост. За момент се изгубуваш во уметноста на природата која разбликува напролет и забораваш на твојата дестинација.
Но потоа ќе го слушнеш. Тоа е звукот на водата што паѓа и погледнуваш напред. Зад свиокот почнуваш да го здогледуваш Колешинскиот Водопад.
Вгнезден внатре во лисјата на планината Беласица, над селото Колешино. Со чиста кристална вода од реката Баба, Колешинскиот водопад нежно тече врз падината во прекрасен и ритмичен балет од многубројни водени потоци. По овој краток 19 метарски танц овие многубројни потоци се преобразуваат во река која продолжува надолу по планината.
Ти можеш да уживаш во овој водопад од различни места за гледање дали од мостот поставен директно пред водопадот или пак од некој клупа за одмор. Ако се чуствуваш посебно авантуристички додатна патека завршува на врвот на ридот и ти можеш да застанеш покрај реката додека се слива надолу. Таму постои и летниковец за излет ако посакаш да имаш мала ужина во природа.
aberdojde.mk