Здраво, се викам Виктор. Љубител сум и возам крос мотор низ Македонија. Овде сум да ги кажам дека Пијанечко- Малешевскиот регион е вистинското место каде вреди да се патува со вашиот пријател на две тркала.
Регионот е доста малку истражуван од луѓето. Одедени места кои се наоѓаат овде можам да каам дека се скоро и непознати на јавноста во Македонија, а дел од нив се достижни само со мотор.
Чувството додека го истражувате регионот со мотор е незаменливо. Без разлика на годишното време, секогаш има нешто кои ќе ви остане во сеќавање. Нашиот клуб најчесто се движи во рамките на Пијанечкиот- Малешевски регион каде за нас природата на регионот е прекрасна.
Од историски знаменитости, споменици, ретка природна убавина, тврдини, цркви и манастири. Она што го прави регионот погоден за off-road тури со крос мотори е самиот рејлеф каде се застапени високи, средни и ниски планини со огромно пространство.
Разликата помеѓу возењето кроз на лето и во зима е тоа што летото има многу повеќе заинтересираност кај членовите и теренот е доста сув и прилично незагаден за возење, а додека пак зимата, пружи посебно задоволство кога се вози по снегот, каде воедно расте и адреналинот. Особено предизвик ни се повисоките места.
Треба да се внимава и на лето и во зима. Опасност како што е уживањето секогаш постои. Добрата облека на зима и внимавањето на моторот преку лето се неижбежни доколку сакате да станете турист на мотор.