Во крајниот источен дел на Македонија, во Малешевијата, природата насликала идилична слика што мора да се погледне и да се доживее. Питомите и кротки пејзажи на Малешевските Планини се еднакво прекрасни во сите годишни времиња, без разлика дали ќе ги посетите кога се обелени од снег или кога во пролетниот воздух се разнесува мирисот на планински чај.
Бисер на Малешевските Планини е Беровското Езеро. Ова вештачко езеро се простира покрај извишени борови стебла. Сместено е до селото Ратево, на 6 километри од градот Берово, на надморска височина од 1000 метри.Околината на езерото изобилува со прекрасни терени за излет, рекреација и спорт.
Во мај може да ги сведочите расцутените борови, а во јули и август да се искапете во езерските води. Постојат пет пешачки патеки, на некои од нив може да се упатите со велосипед. Постои и трансверзална патека која го спојува најјужниот и најсеверенниот дел на Малешевијата, со должина од 45 километри и висинска разлика од 730 метри – таа претставува предизвик и за најголемите ентузијасти.
Кајак.мк ве запознава со вилата „Lake Palace“ која се наоѓа на Беровско езеро. Според она што нашиот тим успева да го дознае од сите оценки од гостите во објектот, ова место особено се препорачува на млади парови кои сакаат романтика и авантури.
Кајак.мк пред да ја посетите вилата ве информира да се запознаете со патот, условите на патот при патување, бидејќи надоаѓа период на дожд, што значи дека мора секогаш да се патува подготвен и со соодветно возило.
Коментарите на гостите пишуваат дека местото е одлично, планинско место, вилата е опремена со се, секаков прибор во кујна, топла вода од соларно греење, централно греење и греалки во собите.
Повеќето од гостите споменуваат дека сопственикот на вилата Александар е доста културен и услужлив..
kajak.mk