Апи центар Кладенче е лоциран во непосредна близина на село Владимирово, Oпштина Берово, локација која има прекрасна и чиста природа и голем потенцијал за развој на апи туризмот.
Апицентарот е лоциран во самиот пчеларник кој е во сопственост на Верица и Антонио Арнаутовски.
Воспоставен е во рамките на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), со поддршка на Владата на Швајцарија, преку проект за креирање на туристичката понуда во Брегалничкиот регион, од страна на тур оператор Mountain Experience.
Основната цел на апицентарот е да се подигне свеста за важноста на пчелите за човештвото, да се збогати знаењето за придобивките од пчелните производи и апитерапијата.
„Пчелните производи се извонредни за да не одржуваат здрави, но и да обезбедат виталност, сила и убавина, а мирисот на кошницата што пчеларите го вдишуваат додека работат е пријатен но и корисен. Поради слободната циркулација на ароматичниот воздух од кошницата некои од научниците сметаат дека се постигнува исклучително позитивен ефект врз човечкиот респираторен систем“ – Верица Арнаудовска
Апи центар Кладенче во следниот период ќе биде нова туристичка дестинација која на туристите ќе им овозможи незаборавно искуство и ќе биде алатка за едукација и промовирање на природното и културно наследсво во Малешевскиот регион.
aberdojde.mk