Оваа година сонцето навистина го допревме, осетивме… #АлШар2019 и екипата се погрижија покрај жешкото Сонце да ни спремаат и „жешки“ три дена со комплетна позитивна енергија која струеше од влезот на Кавадарци, па се до јужните ни соседи ( оставивме и внатре кај нив, чисто да се чудат што тоа имало од другата страна на планината).
ри години као демек роневме солзи од типот „Алшар-Калшар“, има кал, има дожд, ладно е … Е па викендов почнувајќи од петокот сеот тоа го оставивме и вистински, на своја кожа ( буквално) го осетивме Сонцето на #АлШар. За волја на вистината нема да биде интересно ако не заврне, па капна малку, онака како што викаат стари „како попот со босилек кога прска“ ама тоа ни од далеку не беше тој дожд каков што до знаеме годините наназад во Мрежичко.
Првиот ден како и секогаш е наменет за блиски пријатели на #АлШар, за оние кои вистински сакаат да уживаат во Мрежичко. Забавата од првата вечер нема да ја раскажуваме, поради тоа што и не е можно да се напише нешто што само може да се осети, само на лице место може да ги видиш оние весели ликови кои се до полноќ си „мрдаа“ на музиката од гостите. Каква музика? и тоа не кажуваме…
Втор ден. Трио гранде составено од екипаж Велес-Кавадарци тргнува на проверка на голем’та тура. Иако прво планот беше да се вози до Трибор по обратна страна, сепак изборот падна на новата патека. Не згрешивме. Уште на старт се покажа дека Тиквешките Точакџии не згрешиле што ја одбрале оваа патека. До Мајден – стандард жешко. Натаму следните 7-7,3 км се до потенцијалниот граничен премин Пуљевац 1175мнв ( јас во топографските карти го најдов под име Пулевец, но очигледно народното име е тоа) патеката е во темнина од високата борова шума. Милина. Македонска верзија на Швајцарија во вистинска смисла (без претерување, имаме уште поубави места, ама да си признаеме не сме свесни за тоа). стасавме до Пуљевац, по претходно малку промашена траса ( како инаку ке ја видиме напуштената караула), а од таму паѓа одлука – одиме во илегала надвор од погранична зона. Можеби ризично, но на крај малку и да провериме дали и тие шумски јаготки се убави како нашите (проверивме- исти вкус имаат, значи иста мајка земја ги раѓа). 70-на минути ни беа доволно да прошетаме „од онаа страна на Македонија“ потоа назад по маркираната патека. Спустот малклу ризичен, но доволно да го подигне адреналинот до максимум. И тука јаготки во изобилие, па паузите ги користевме за природни витамини.
Некаде во 14:00 сме повторно во капот во Мрежичко, на температура од 34819 и нешто кусур степени. Кај да е ќе залади, ќе почекаме до тогаш. никој не мрда со прст, не муабет да прави ( само екипата со музичкиот колаж од концертот на Светлана Цеца РажњатовиЧ (Фул албум!!) немаше проблем со жешкото, нив дружбата ги ладеше- поздрав до нив). Некаде по 17:00 почна да се размрдува од сите страни, кој како иде сите на ладно пиво.
Вечерта повторно луда забава и повторно нема да ја опишуваме оти едноставно -не ја бива да се опише. Секој си правеше она што му сака душата, на крај сите сме дојдени да уживаме.
https://www.facebook.com/vasill.jankula/videos/2152692171523035/?t=2
Она што мене лично ме импресионираше иако не ми е првпат ( и за која практика треба сите други настани да го превземат) е инторинањето на Националната Македонска химна во 07:30 часот. Забележав дека во тој момент, сите, ама буквално сите оние кои тукушто беа разбудени, или полубудни, мамурни, станаа во секундата и и оддадоа почит. Деновиве тоа е посебно истакнато поради разно разни глупави причини ( фала им на сите нив што ни покажаа дека Македонската Химна, сепак е света работа и дека на секое интонирање ќе ни навираат солзи во очите и ќе ни се наежува кожата иако тоа е „само обична химна“). Туку друга ми е поентата… Покрај моментот на химната импресивно беше тоа што самиот чин на подигање на знамето на организаторот Тиквешки Точакџии и Македонското знаме, беше лично од Херојот помеѓу нас велосипедистите ( а веруваме дека и помеѓу сите луѓе на овој свет), големото момче со срце како планина, челична волја за живот голема како Монт Еверест и упорност и каков што немам видено до сега, а верувам и дека ретко каде би го видел. Е тој лик Васил Јанкула, е тој лик другари треба на сите да ни биде во мислите ипример во животот. Е тој наш другар Васил Јанкула покрај сите негови животни премрежја и проблеми оваа година помина ни помалку ни повеќе 800 км со велосипед низ оваа наша убава Македонија. И баш тој наш другар Васил Јанкула ни направи огромно задоволство да се дружиме овој викенд со него и не почести со неговото присуство за подигнувањето на знамето, интонирањето на химната, означувањето на стартот на турата и секако, возењето со него верувам за сите присутни беше од посебно значење. Секако тука морма да ги споменам и дечињата од специјалното училиште во Кавадарци кои на покана на организаторите беа присутни да ја осетат оваа атмосфера, оваа позитивна енергија која се шири помеѓу нас бајкерите. И секако да се запознаат и да се дружат со нашиот голем пријател Васил Јанкула. Некаде прочитав дека скоро за Васил сес према и снимен материјал, па е ми биде драго да го видат тоа уште многу луѓе на планетава и да знаат дека животот може да биде убав онолку колку што самите му дозволувате. И да, да си ја имате на ум паролата на Ваил Јанкула „СИТЕ СМЕ ИСТИ“.. Да другари, сите сме исти…
Некаде во 10:00 тргна големата, малата и планинарската тура, секој по свој правец, агенда, на кој како му било судено ( некому му било судено да лепи гуми цел ден, па никому ништо). Оние кои отидоа на големата патека и оние кои беа на малата, а секако и планинарите, жешкото сонце не им сметаше ни малку да уживаат во убавата шума, а богами да се разладат и во Мајденската река. Така цел ден, се додека не префрли пладне, се до пристигнувањето на првите учесници. А тие првите бомби- за три часа од старт до цел… Страхотно, шо би рекол еден учесник од соседна Бугарија. Додека првите одмараа, оние кои повеќе уживаа се прибираа во кампот. Повторно многу народ, многу игри, забави, одлично смислено од организаторите – секоја чест за нив. Главната награда од лотаријата и падна на едно среќно девојче кое веруваме дека ќе помине многу км со него, и од планинарка ќе премине во „наша фела“…Полека се растураме и секој по дома, што викаме ние од Велес..
А првично планот за овој пишан запис беше да биде ова краток текст без многу објаснувања. Арно ама. тоа не бива на #АлШар. Едноставно не бива. Или лафеш цел ден, или не си бил у Мрежичко. Трето нема. Така, кој имаше трпение да чита , му благодарам. Кој не, нe нека започне внимателно од почеток, па може ќе смени мислење 🙂
Може слободно од името на сите учесници да им кажеме „Благодариме “ на целата екипа на Тиквешките Точакџии, и на сите останати кои на било каков начин беа инволвирани во овој огромен проект. Сето ова заслужува огромна почит, и навистина оваа приказна мора да трае. Тоа го знаат сите таму, и секако дека ќе го имаат на ум. До следно гледање, повторно во стариот термин ( 5-7 јуни 2020 се надевам).
#АлШар, си знаете…. Вие сте Сонцето!!
п.с. на крај на приказната морам да споменам…. Имав чест да запознаам 9-годишно момче кое ја извози ни малку по многу, туку – големата тура.Да. Голема тура, 41км, елевација 1200м. И се чуствувал прекрасно. И да, не само оваа, него оваа година му е трета голема тура. Е па другари кои дремете по сенките и кои имате изговор дека било жешко – не е до времето, До вас е.
velesbiking.mk