Жителите на општината Босилово и оваа година ја продолжуваат акцијата
„Овошно дрвце за пластични шишиња“.
Целта на оваа акција, како и во минатата година е да се намали пластичниот отпад во населените места на територијата на општината, но и да да се подигне свеста за селектирање на отпад, со можност за рециклирање, како и за зачувување на здрава животната средина не загадена од пластика.
Со достава на 30 пластични шишиња секој граѓанин на општина Босилово ќе добие овошно дрвце по сопствен избор.
Акцијата ќе се спроведе во петок, 07 април 2023 на неколку пунктови во општина Босилово.
Редакцијата на aberdojde.mk силлно ја поддржува оваа еколошка акција