• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
вторник, јули 8, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Приказни од селото

ЌЕ СКИСНЕ ВИНОТО ОД НЕПЛАТЕНО ГРОЗЈЕ, СЕ ВЕРУВАЛО ВО МИНАТОТО

март 15, 2021
ЌЕ СКИСНЕ ВИНОТО ОД НЕПЛАТЕНО ГРОЗЈЕ, СЕ ВЕРУВАЛО ВО МИНАТОТО
Кавадарчанецот Александар Велков изградил винарска визба уште во 1885 година, 135 години тајната за правење добро вино се пренесува кај наследниците на газда Цандо, како што го викале Александар Велков. Неговиот 79-годишен внук Никола Велков раскажува дека визбата била изградена во центарот на Кавадарци, кај денешната зграда на Советот на општината.
Тој вели дека неговиот дедо имал свој подрум две години и пред да биде изградена визбата за жестоки пијалаци “Метакса” во Грција. Семејната визба на Велкови имала околу 1.200 квадратни метри, а нејзиниот капацитет бил 300 тони вино. И уште тогаш имало организиран откуп.
– Татко ми ми кажуваше дека за разлика од новото време, кога лозарите со месеци ги чекаат парите за предаденото грозје, тогаш плаќањето било веднаш по истоварањето од запрегите, објаснува Никола.
Тој е најмладиот внук на газда Цандо. Се сеќава на некои негови мудрости и совети што им ги давал на другите.
– Вистинскиот коцкар, велеше, ако нема пари, позајмува. Но, не седнува повторно да игра додека не ги врати позајмените пари. Истото важи и за винарот. Ако купи грозје, а не го плати, виното ќе му скисне, се сеќава Никола на зборовите од дедо си.
Дедо му често велел дека цената на грозјето се одредува кога тоа се крои.
– Од винарот се бара цена кога се кројат лозјата. Не се бара цена во време на берба. Кога грозјето ќе узрее, гроздот се кине. Ако лозарот не го направи тоа навреме, винарот може да му го земе грозјето и без пари, ги повторува дедовите зборови.
Во почетокот грозјето се газело со нозе, а подоцна бил обезбеден и “муљач” за негово мелење. Газда Цандо имал околу 80 декари лозје
– Лозјата на дедо ми, но и на другите кавадарчани, се простирале на надморска височина од над 250 до 300 метри. Биле застапени најстарите сорти “чавкаричето”, “стрнушината”, “прокупецот”, “ризлингот”, вели Никола.
Плантажите со лозје Александар подоцна им ги поделил на четирите сина – Пане, Мишо, Ристо и Стефан. Ристо изучил за лекар, Пане завршил енологија во Бугарија, Стефан учел трговска академија во Битола. Пане и Стефан, таткото на Никола Велков, подоцна биле главни носители на визбата. За време на српското владеење тие не биле Велкови, туку Велковиќ.
Газда Цандо соработувал со грчка „Метакса”
Во визбата се пакувало вино уште во првите години од минатиот век. Имале полуавтоматска машина за полнење шишиња со вино и етикети на српски и на бугарски јазик. Сопругата на Стефан била родум од Струмица и во Кавадарци ја донесла домашната тајна за правењето на струмичката мастика. Визбата соработувала и со грчка „Метакса”.
Разменувале вино за жестоки пијалаци. По ослободувањето на Македонија социјалистичката власт го прогласила Велков за воен богаташ и му одзеле се. Конфискувани биле големите бочви, бурињата и била прекината развојната линија. Поголем број стари бочви, како што вели, големи колку една одаја, биле однесени во новоформираната винариница, која подоцна од земјоделска задруга, прераснала во агрокомбинат “Тиквеш”. На секоја од тие капитални бочви биле втиснати иницијалите на Велкови, кои подоцна биле покриени со малечки метални плочки. Бидејќи синовите на Александар биле учени луѓе, биле вработени во комбинатот. Пане како книговодител, а Стефан повеќе од 20 години бил комерцијален директор на комбинатот, се до пензионирањето. Никола од 1968 до 1971 година бил претставник на комбинатот “Тиквеш” во Скопје, а денес на тоа работно место е неговиот син Стефан.
Никола се уште чува дел од дедовите лозја, од кого ги научил и тајните за правење добро вино. Тој е органски производител и вели дека органските вина се лек ако се консумираат по 250 грама на ден.
Пет вински заповеди
Од деда си научил дека винарот мора да биде присутен крај виното за да ги слуша неговото вриење, шумолењето и говорот.
– А најдобро е вриењето да биде во дабови буриња. Дабот има своја топлина. Дрвото е најдобриот природен регулатор на потребната топлина за бурно вриење и раѓа врвно вино, тврди Никола.
Не е против садовите од ростфрај во некои од визбите, но вели дека во нив не може да се слуша говорот на виното при вриењето. Неговиот говор, како што тврди, има пет вински заповеди.
– Бојата е првата винска заповед, а вкусот и аромата – втора. Следуваат пробата, букето и хармонијата. Сите овие заповеди треба да претставуваат целина, да не бидат како расштимана виолина, вели тој.
Произведува вино за својата фамилија, за своја душа. Редовно ја обновува и сопствената винотека.
– Имам ракија од 1919 година, како зејтин е, но и вина од 1938 година, па наваму. Не големи количества, но се репрезентативни, вели потомокот на газда Цандо. Врз темелите и плочата на најстарата визба на Балканот, која и тогаш се викала “Тиквеш”, по војната, била изградена станбена зграда.
– “Деца, немојте да минирате! Пола Кавадарци ќе го разнесете оти визбата е многу јака направија“, им рекол дедо ми кога мајсторите сакале да ја минираат плочата од неговиот подрум, раскажува Никола.
Своевремено таму имало заостанати етикети, визит-карти и писма со лого од визбата на неговиот дедо.
– Се сеќавам, како деца си игравме со нив таму. Дел од нив чувам и денес како драг спомен, вели Никола.
Тој објаснува дека до пред неколку години во “Тиквеш” можел да го види и дедовиот казан, кој фамилијарно бил наречен “Султан”. Во него се варела мастика, а таму останале и пумпи, преси и разни други предмети од некогашниот подрум.
Фамилијата Велкови отстапи неколку експонати во новоотворениот вински музеј во Кавадарци, каде посетителите се запознаваат со историјата и традицијата на лозаровинарството во Тиквешко, како најголем лозаровинарски регион во државата.
Директорката на Музејот, Весела Честоева рече дека расте интересот за посета на музејскиот простор во Кавадарци.
libertas.mk
ShareTweetPin

Слични Posts

Акција „Овошно дрвце за пластични шишиња“ во општина Босилово
Приказни од селото

Акција „Овошно дрвце за пластични шишиња“ во општина Босилово

април 6, 2023
Ирена неуморно создава нови вкусови од локалното овошје и билки кои ги нуди регионот на Беровo
Приказни од селото

Ирена неуморно создава нови вкусови од локалното овошје и билки кои ги нуди регионот на Беровo

декември 14, 2022
Даниела Крстевска изработува сапуни со користење на природни состојки – бренд МОЈОТ САПУН
Приказни од селото

Даниела Крстевска изработува сапуни со користење на природни состојки – бренд МОЈОТ САПУН

ноември 30, 2022
Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил
Приказни од селото

Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил

декември 27, 2021
Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше
Приказни од селото

Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше

декември 22, 2021
„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово
Приказни од селото

„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

октомври 21, 2021

Прочитајте

Чешмата e со осум дулци, a има и пастрмка – село Скребатно

Чешмата e со осум дулци, a има и пастрмка – село Скребатно

мај 13, 2021
Наставниците и учениците од ПОУ „Гоце Делчев“ Еднокукуќево, пример за високо развиена еколошка свест

Наставниците и учениците од ПОУ „Гоце Делчев“ Еднокукуќево, пример за високо развиена еколошка свест

мај 7, 2021
„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

октомври 21, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.