• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
недела, април 2, 2023
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Останато

Ќе се заштитуваат заштитените подрачја

јуни 2, 2021
Ќе се заштитуваат заштитените подрачја

Граѓанските организации и средношколците кои понудија решенија за локални еколошки проблеми во регионите со заштитени подрачја и беа поддржани од Институтот за комуникациски студии и Македонското еколошко друштво ќе работат на инцијативи кои се однесуваат на: примената на добри земјоделски практики, поголем пристап до информации за работата на мерната станица „Стење“ во Преспа, поголема транспарентност и одговорност на општините, решавање на проблемите со дивите депонии и поттикнување на еко-активизмот кај младите но и граѓанска одговорност. Подолу можете да прочитате повеќе за секоја иницијатива.

Еко Герила во соработка со средното училиште „Цар Самоил“ ќе работат на кампања за поголем пристап до информации за работата на мерната станица „Стење“ во Преспа. Преку поголема видливост за работата на оваа институција, граѓаните ќе можат да се информираат за квалитетот на водата на Преспанското Езеро, но и за можностите кои мерната станица ги нуди во однос на истражувања, обуки, едукации на кадар (практична настава на средношколците) и сл. Еко Герила е граѓанска организација од Ресен која промовира граѓански активизам за заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на живеење.

Ековита во соработка со средношколците од “Св. Кирил и Методиј” од Неготино ќе спроведуваат кампања за примена на добри земјоделски практики во лозарството во Тиквешкиот регион. Користењето на феромонските стапици за намалување на популацијата на гроздовиот молец ќе ја намали употребата на инсектициди и ќе се намали штетата од лозовиот молец. Со тоа ќе се придонесе кон заштита на околината од загадување и одгледување на безбедни и конкурентни производи. Ековита е здружение на граѓани од Неготино кое работи на врската помеѓу еколошкото производство и одржливото искористување на животната средина.

КАБ СТРУГА 2017 со средношколците од „Нико Нестор“ ќе работи на кампања за поголема транспарентност и одговорност на Општина Струга во делот за трошењето на финансиските средства наменети за решавање на проблемите со малите диви депонии во Струга и околните руралните средини. Преку конкретни акции со младите за расчистување на сметот ќе се поттикнува и еко-активизмот, кој е важен во зачувување на уникатната природа на овој предел во кој што ужива населението и туристите. КАБ СТРУГА 2017 е граѓанска организација која ги промовира планинарството и зачувувањето на животната средина.

Спортскиот Клуб Клисура од Демир Капија во партнерство со средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино ќе застапуваат за решавање на проблемот со еколошката катастрофа во Демиркаписката Клисура предизвикана од градежниот отпад кој настана со изградбата на автопатската делница Демир Капија – Смоквица. Отстранувањето на неразградливиот отпад ќе значи заштита на Челевечка река и Демиркаписката клисура како и опстојувањето на рибниот фонд (бојник) кој живее таму, но и другиот специфичен животински фонд и вегетација. Спортскиот Клуб Клисура е граѓанска организација основана од локални млади активисти и спортисти за промовирање на активен животен стил во областа на спортот на отворено, еко-туризмот и ангажманот на младите.

Македонски културен центар (МКЦ) во партнерство со средношколците од медицинското училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола ќе го поттикнуваат еко-активизмот кај младите но и граѓанската одговорност преку кампања против фрлање отпадоци насекаде. Ова ќе придонесе за решавање на нечистотијата во Битола и околните рекреативни и излетнички места и менување на навиките на населението во однос на заштитата на животната средина. Македонски културен центар (МКЦ) – Битола работи на проекти и програми за млади во областа на волонтерството, неформалното образование, граѓанските иницијативи и урбаната култура.

„Хорти Еко“ со средното училиште „Димитар Влахов” од Струмица, ќе промовираат добри земјоделски практики во Струмичкиот регион и органски начин на земјоделско производство. Преку користење на биоразградлив растителен земјоделски отпад ќе се намали загадувањето врз животната средина, но и ќе се зголеми квалитетот на земјоделските производи, а со тоа нивната побарувачка.  “ХОРТИ ЕКО” е граѓанска организација која работи на унапредување на земјоделското производство и подобрување на животниот стандард во руралните средини.

medium.edu.mk

ShareTweetPin

Слични Posts

Останато

ПРОЕКТ ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА ЗАЕДНИЦАТА

декември 20, 2021
Вистински мед ќе се кристализира во целата тегла, а лажниот само на дното
Останато

Вистински мед ќе се кристализира во целата тегла, а лажниот само на дното

јуни 19, 2021
Урбано мушичарење на Крива река
Останато

Урбано мушичарење на Крива река

јуни 8, 2021
Виното во Македонија
Културно наследство

Виното во Македонија

мај 31, 2021
Некои од најуникатните пејсажи во Македонија
Останато

Некои од најуникатните пејсажи во Македонија

мај 26, 2021
Истражувањата откриле дека спречува развој на рак – Афион
Останато

Истражувањата откриле дека спречува развој на рак – Афион

мај 4, 2021

Прочитајте

Пролетна акција под мотото „Мисли глобално, делувај локално“ во Делчево

Пролетна акција под мотото „Мисли глобално, делувај локално“ во Делчево

март 22, 2021
Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

март 18, 2021
Кањон Камник – природна атракција во близина на Штип!

Кањон Камник – природна атракција во близина на Штип!

март 15, 2021

Популарно

  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од корењата на столетните стебла на чинарите (јавори) истекуваат 40 литри вода во секунда – Мокрински извори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.