• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
вторник, јули 8, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Природно богатство

Ја шетавме Беласица викендов. Онака ќеифски, два дена

март 6, 2021
Ја шетавме Беласица викендов. Онака ќеифски, два дена

 

Ја шетавме Беласица викендов. Онака ќеифски, два дена Толку колку што екипата на „ВК Актив“ од Струмица (домаќините) ни организираа една убава МТБ и планинарска авантура. Стартот од Смоларските водопади, сабота пладне. Полека се собираат екипите, од сите делови на Македонија.

Првата група е спремна, тргаме. Првиот ден имаме возење кон пл.дом Шарена чешма. Стартот е на 350мнв, се до „шарена чешма“ на висина од 1300 мнв. Искачување некаде 900-950 м елевација. Тешко. Тешко, ама на темп од +33-36 ние возиме под сенка на +20. Е па не е тешко. Убаво е. Два часа и стигнуваме до горе. По пат, ги откриваме убавините на планината. Шумски јагоди – колку сакаш. Печурки, исто си собравме. Нека има за мезе вечер, Вргањот е растително месо. Ќе го испечеме на скара, ќе има добро мезе.

 

Пристигнуваме во домот, ги поставуваме шаторите. Повторно ја градиме „слободна територија Велес“. Вечерта, забава со лудиот DJ и неговата „специфична“ музика, која патем никој не ја разбра. Небитно. Битно е дека гледавме насмеани лица кои можат и без музика да се расположат. Забавата траеше некаде до 01:00 по полноќ. Некој остана до подоцна, некој си легна порано. Кој како си го планира времето за одмор и дружење.

 

Дел од нашата екипа имаше една несекојднева прилика да присуствува на “Украинска вечера“, кај нашиот пријател Ростислав и неговата 4 члена екипа. Рости и овој пат се покажа како врвен кулинар. Ни спреми Украинска вкусна чорба, со интересни зачини и додатоци кои ја направија храната специфично вкусна. На 1300 мнв да го дегустираш тоа е навистина посебно. Секако, со чорбата следи и Украинска жолта вотка.

 

Вториот ден припреми. Следи она за што дојдовме. Горниот дел на Беласица е прекрасен. И повторно угорнини. Тешко е ова возењево нагоре. Ама вреди, вреди за сите капки пот истечени. Стигнуваме на местото „сечена скала“ со неверојатен поглед кон Дојранско езеро од една страна и Струмичко поле на друга страна. Природата овде дала се што може да се даде. Ливадите полни со стотици видови на цвеќиња. Пауза од 10 минути е навистина премалку за да ги доловиме сите убавини.

 

Одиме на врвот Тумба на 1881мнв. А таму, поглед… каков што нема никаде. Панорамски поглед на три држави, со две езера и врвови колку сакаш. Тромеѓето помеѓу Македонија, Бугарија и Грција е на дофат. пред тебе Дојранско езеро, големо колку ранецот на грбот ( полн со вода и пот колку Дојранско). Пред тебе Огражден. Десно врвот Радомир, највисокиот врв на Беласица од бугарска страна – 2029мнв. таму некаде позади – Цареви кули!!!! Убаина, царска шо би рекол Колозов.

Пауза за одмор, со многу фотографии, селфи. Доказ за напорот кој секој од нас го вложи за да се искачи на ова магично место. На крај една групна фотографија, иако големиот дел веќе се спуштија, а мал дел допрва се искачуваа. Не е проблем, сите ке ве потпишеме на фотката, сите сме едно голема банда со позитивна енергија и многу расположение. Сите сме едно, овде нема поделби како во реалниот свет( камо да е секаде вака).

Се спуштаме надоле. Една група одиме кон „Ѓаволскиот мост“. Патот до него, тежок, со многу ризичен терен за возење. Но тоа ни е дополнителен мотив ( си знаат точаците како им е). Навидум, ѓаволскиот мост е сосема обичен разрушен мост. Но , сепак тој крие многу тајни, како онаа со Германското злато кој го оставиле на бегање, и еден факт дека овде Беласица е пресечена на два дела и овде всушност фали онаа важна алка која би ја поврзала планинната во една целина. Знам дека организаторите од ВК Актив заедно со планинарите од ентузијаст прават обиди да се обнови овој мост, и сите ние искрено верувам дека во некоја од наредните „Мистерии на Беласица“ ќе имаме можност да се префрлиме од „онаа“ страна.

Стигнуваме во домот ( со големи технички проблеми кои, за среќа поминаа без повреди). Гравчето спремно, малку одмор, повторно да се видиме со нашите пријатели. Малку муабет, многу муабет…зависи кој како има да раскаже. Се спуштаме надоле по спуст од 10,5 км. За жал, многу дупнати гуми и неколку технички проблеми спречија неколку велосипедисти ( меѓу кои и јас ) да прелетаат по удолниците. Нека, ке го оставиме ова за до година. Доле, во ресторанот повторно собирање, како на почетокот. Полека си ги собираме работите и – секој по својот пат. До следната година, оставаме на Иван и неговата многубројна екипа (браво за сите) да ни организираат повторно една ваква весела дружба. До тогаш ние ќе си ги гледаме сликите и ќе им раскажуваме на оние кои не беа.. Убаво е на „Мистериите на Беласица“ дечки, дојдете сите до година!!!

 

П.С. Морам ова да го напишам ме искараа.. нешто за појаснување.. „Лево Струмичка-Петричка котлина, десно Бутковско езеро и Серска котлина. На средина највисокиот врв на Беласица – Калабак 2029м “ …

 

 

Постот е превземен од страницата на ЗГ ВЕЛЕС БАЈКИНГ – ВЕЛЕС

 

ShareTweetPin

Слични Posts

Животински биодиверзитет во Моноспитовско блато
Природно богатство

Животински биодиверзитет во Моноспитовско блато

август 15, 2024
Студија за ревитализација на Моноспитовско блато
Природно богатство

Студија за ревитализација на Моноспитовско блато

август 15, 2024
Растителен диверзитет во Моноспитовско блато
Природно богатство

Растителен диверзитет во Моноспитовско блато

февруари 16, 2024
Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови
Природно богатство

Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови

март 28, 2022
Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште
Природно богатство

Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште

јуни 11, 2021
Лековити билки – Берење, сушење и складирање
Природно богатство

Лековити билки – Берење, сушење и складирање

јуни 9, 2021

Прочитајте

Јанче – „Чиста земја“

Јанче – „Чиста земја“

мај 7, 2021
Пчеларникот Јасен го очекува новиот старт на сезоната

Пчеларникот Јасен го очекува новиот старт на сезоната

март 12, 2021
ЌЕ СКИСНЕ ВИНОТО ОД НЕПЛАТЕНО ГРОЗЈЕ, СЕ ВЕРУВАЛО ВО МИНАТОТО

ЌЕ СКИСНЕ ВИНОТО ОД НЕПЛАТЕНО ГРОЗЈЕ, СЕ ВЕРУВАЛО ВО МИНАТОТО

март 15, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.