• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
вторник, јуни 10, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Приказни од селото

Јанче – „Чиста земја“

мај 7, 2021
Јанче – „Чиста земја“

На 27 километри од браната во Маврово, на патот кон Дебар, од левата страна се наоѓа селото Јанче. За топонимот се претпоставува дека доаѓа од турскиот збор јан – што би означувало дол, иако не сум сигурна многу во веродостојноста, бидејќи Јанче се простира на рид.

Патувајќи накај Јанче, се сетив на една легенда врзана за ова село која ја отсликува климата во овој дел. Имено, според кажувањата на старите, времето во Јанче е секогаш исто како во Солун! Чудно но, велат истите тие, дека тоа многупати се докажало.

Јанче е село со педесетина куќи. Тефик Тефиковски-Тутто е човекот за кого велат дека сака од Јанче да направи – варош. Го најдовме во хотелот „Тутто“, оддалечен само еден километар од регионалниот пат Гостивар-Дебар. Хотелот има прекрасна локација. Сместен во ридско-планинскиот предел на подножјето на Бистра, од него се отвора прекрасен поглед кон селото, чии куќи сè уште имаат специфична градба и стара архитектура. Мислам дека останаа малку села во Македонија што ја задржуваат својата автентичност. Дури и оние што полека „се будат“ и прават напор да го оживеат селскиот туризам, како да прават една голема грешка. Се градат нови куќи, се обновуваат старите, но притоа не се води сметка за автентичноста. Новите куќи по македонските села прилегаат на градски. Но дали е тоа она вистинското?

 

Во Јанче се сретнавме со поинаква состојба. Куќите се реставрираат и притоа се задржува не само автентичниот изглед туку се користат и старите материјали од кои некогаш се правеле македонските куќи. Земја, камен и дрво. И – толку. Нема бетон, нема железна арматура, нема поликолор, нема лак ниту современи топлински и звучни изолатори. А сепак куќите изгледаат стокмено, топло и убаво.

„Порано овој народ одел во гурбет само да купи шајки. Сè друго имало тука“, вели Тефик, и додава: „Но многу години поминаа и селаните се раселија. Ги запустеа и ги затворија куќите. Отидоа во печалба, а всушност се иселија. Но мислам дека доаѓаат подобри времиња. Како да имаме ’дупка’ во традицијата, се кршат катанците на старите куќи, се отвораат прозорците, влезе ветар во нив.
Полека но сигурно луѓето или нивните потомци се враќаат. Овој регион е роден за душа. Тука луѓето едноставно ги губат мислите“.

Тефик на времето со подбив го викале калџија. Денес овој „калџија“ на големо го турка проектот „Чиста земја“. Најголемиот дел од занаетот го учел во Италија на реставрација на стари куќи и оттаму всушност сè  започнало. „Ни таму не беше лесно на почетокот. Луѓето тешко веруваат, но тоа не значи дека не треба да се убедуваат“, раскажува Тефик.

A010_C068_0510VG

Но што, всушност, значи чиста земја? Значи градба само од непечена земја. Градба од тули направени од природни материјали (ќерпич), каде што каменот е „арматурата“ на куќата, а големи трупци дрво – носечка конструкција. Топлинската и звучната изолација се решава со слој земја, а се користат и гранки и слама. Приодот кон куќите е изработен од парчиња камен, а бојата со која се бојосани ѕидовите е всушност микс на земја, кој едноставно се нафрла по „влажните“ ѕидови, создавајќи притоа автентични, со околината, соодветни шари.

Само врвни мајстори се способни да градат вакви куќи, а нив кај нас, за жал, ги има многу малку. Можеби токму затоа и студентите по архитектура беа таму, да учат од старото, од она што опстанало повеќе од триста години.

Во овој момент, десетина куќи во Јанче се реставрираат. И тоа со најдобрата, дебарска земја. Од стари плевни се раѓаат „нови-стари куќи“. Целта е истите потоа да се издаваат, за да се развива еколошкиот туризам. „Ние сме таков народ – при убавина сме слепи“, вели Тефик. А дека силно верува во проектот ,,Чиста земја“, Тефик докажува и со изградбата на сопствената куќа. Таа се наоѓа веднаш до (или, подобро речено, под) хотелот. Навистина е интересно како трикатна куќа е сместена во земја. Како корен на хотелот, кој пак ја нуди сета удобност: сателитска програма, wirelees, семинарска сала, апартмани и најважно од сè – прекрасен поглед. Покривот на хотелот е прекриен со слој земја од десет сантиметри, што му дава топлинска и звучна изолација. Исто така, под хотелот се наоѓа и систем на отвори, преку кои се „филтрираат“ отровните гасови од земјата.

A010_C027_0510T1

Од Јанче, сè е на дофат на раката. Ледничкото езеро Локув, пештерата Шаркова Дупка, Дебарски Бањи и, секако, „повредениот“ но нескршениот манастир „Св. Јован Бигорски“. Голем е изборот на убавини што може да ги доживеете и, секако, да  пробате аландити. За помалку упатените, аландитите или, како што уште ги нарекуваат, валангии, се подготвуваат од брашно, вода, сол, путер и, по желба, мелени или толчени ореви.

Оригиналниот рецепт вели дека еден килограм брашно се замесува со половина литар млака вода, до густина на тесто за палачинки. Потоа, на голема намрсена тава се става тестото со црпалка и се запечува од двете страни. Исто како и палачинките. Испечените кори се редат во тава и секоја се попрскува со стопен путер и засолена вода по желба. На секоја трета кора се додаваат толчените/мелените ореви. Кога целото тесто ќе се испече и ќе се наредат сите кори, се сече како баклава и се запечува малку во рерна.
Начинот на подготовка многу потсетува на тури-потпечи, односно ѓомлезе, со таа разлика што корите тука се благи и многу подебели.

Часовникот во Јанче дигитално отчукува наназад. Во она време кога луѓето си велеа добар ден, иако не се познаваа. Во некое време кога намерникот со насмевка се пречекувал. Со полно срце и со чиста душа.

Затоа, во Јанче не се доаѓа случајно туку – намерно. Заради чистиот воздух, заради нечепнатата природа, заради ноќите што посебно светкаат. Во ова место со педесетина куќи, една црква и една џамија, нештата течат природно, како и звукот на Радика.

ShareTweetPin

Слични Posts

Акција „Овошно дрвце за пластични шишиња“ во општина Босилово
Приказни од селото

Акција „Овошно дрвце за пластични шишиња“ во општина Босилово

април 6, 2023
Ирена неуморно создава нови вкусови од локалното овошје и билки кои ги нуди регионот на Беровo
Приказни од селото

Ирена неуморно создава нови вкусови од локалното овошје и билки кои ги нуди регионот на Беровo

декември 14, 2022
Даниела Крстевска изработува сапуни со користење на природни состојки – бренд МОЈОТ САПУН
Приказни од селото

Даниела Крстевска изработува сапуни со користење на природни состојки – бренд МОЈОТ САПУН

ноември 30, 2022
Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил
Приказни од селото

Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил

декември 27, 2021
Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше
Приказни од селото

Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше

декември 22, 2021
„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово
Приказни од селото

„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

октомври 21, 2021

Прочитајте

Долно Дупени – рајот за душата

Долно Дупени – рајот за душата

април 3, 2021
Се одгледуваат претежно од хоби – кикирики

Се одгледуваат претежно од хоби – кикирики

април 26, 2021
Не сме од селото. Но, често доаѓаме тука. Убаво ни е, си уживаме, вели Гоце – Манастир Свети Илија, Бањани

Не сме од селото. Но, често доаѓаме тука. Убаво ни е, си уживаме, вели Гоце – Манастир Свети Илија, Бањани

март 14, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.