• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
недела, април 2, 2023
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Културно наследство

Шеќерни спомени

април 2, 2021
Шеќерни спомени

Детство, период во кој живеевме безгрижно и слободно. Период кој никогаш не се заборава и на кој вечно се навраќаме. Кога ќе помислам на тој период ми навираат многу спомени. Саботите речиси секогаш ни беа резервирани за семејна прошетка низ градскиот парк, посета на зоолошката градина или пак лудување во луна парк. Секогаш кога бевме послушни, а бевме :), татко ми ќе не почестеше со шеќерна волна, шеќерно јаболче или шеќерно петле. Знам дека воопшто не беа здрави ни за нас, ни за забите, но секако можевме да си дозволиме малку сладок грев. Сепак тоа беше добар начин да ја одржиме енергијата. Ах, убави шеќерни спомени, колку само го сакам тој мирис на карамелизиран шеќер.

Пред некој месец при мојата последна посета на Истанбул, додека уживавме во глетката на Златниот рог што ја нуди Пјер Лоти, една од моите пријателки на моја огромна радост ми разбуди спомен од тој прекрасен период и пред мене се појави со шеќерно јаболко и шеќерно петле. Па, така носталгична, добив идеја да ве вратам во детството и да ви понудам рецепт за дома да подготвите шеќерни јаболчиња. Впрочем токму сега е периодот на јаболката, па еве еден креативен начин како да ги искористите.

Потребни состојки:

– 10 ситни јаболка
– 500 грама шеќер
– 110 мл. вода
– 1 лажица оцет
– 2 лажици мед
– црвена прехранбена боја
– 10 дрвени стапчиња

Подготовка:

Прво јаболчињата добро измијте ги и избришете ги со мека крпа. Извадете ги рачките и на тоа место забодете по едно дрвено стапче. Потоа ставете ги водата и шеќерот да зовријат, па додадете ги останатите состојки. Варете 10-15 минути. За да бидете сигурни дека е готово, со лажичето земете од смесата и капнете во ладна вода или пак лажичето ставете го под ладен млаз вода. Смесата треба веднаш да се карамелизира и да не е мека. Во жешкиот сируп ставете ги јаболката и при тоа внимавајте сирупот да е добро нанесен на сите страни. На крај оставете ги врз метален сад (чинија или тава) за да се сушат. Откако ќе се исушат, шеќерните јаболчиња се подготвени за дегустација.

Зашеќерените јаболка можете да ги завиткате во целофан и да ги подарите на некој и со тоа да го потсетите на убавите детски денови. Тоа нема никој да остави рамнодушен, бидејќи во последно време ретко се наоѓаат места каде што може да го најдеме овој дамнешен деликатес, кој на сите ни буди слатки спомени.

Кристина Ангелеска

ShareTweetPin

Слични Posts

На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити
Културно наследство

На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити

јуни 3, 2021
Виното во Македонија
Културно наследство

Виното во Македонија

мај 31, 2021
Во домот на водниот змеј – Плачковица
Културно наследство

Во домот на водниот змеј – Плачковица

мај 10, 2021
Виното тоа е живот
Културно наследство

Виното тоа е живот

мај 8, 2021
Радовишки марифети: ТАТЛИЈА
Културно наследство

Радовишки марифети: ТАТЛИЈА

мај 2, 2021
Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!
Културно наследство

Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!

мај 1, 2021

Прочитајте

Национална асоцијација за развој на руралниот туризам – нова енергија во развојот на руралниот туризам во Македонија

Национална асоцијација за развој на руралниот туризам – нова енергија во развојот на руралниот туризам во Македонија

декември 30, 2021
Вила и вино во подзаборавеното село Рамне: Феноменален поглед

Вила и вино во подзаборавеното село Рамне: Феноменален поглед

март 22, 2021
Подржана сточарска фарма во Ерџелија од проектот „From Disability to FoodAbility”

Подржана сточарска фарма во Ерџелија од проектот „From Disability to FoodAbility”

април 6, 2021

Популарно

  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од корењата на столетните стебла на чинарите (јавори) истекуваат 40 литри вода во секунда – Мокрински извори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.