• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
сабота, јули 5, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Приказни од селото

Чешмата e со осум дулци, a има и пастрмка – село Скребатно

мај 13, 2021
Чешмата e со осум дулци, a има и пастрмка – село Скребатно

Во пазувите на планината Петрино, како во гнездо скриено, тагуваат куќите од селото Скребатно. Под венците на Самарница, понекое магаре, кокошка и еден бел коњ. Таговно за ретките чекори. А не било секогаш така.

Првите податоци за Скребатно се наоѓаат во пописот на Охридскиот санџак од 1582 година. Таму името е запишано како Скребатина со 18 семејства и 119 жители, од кои шест самци. Во 1953 година селото било најголемо, имало 78 куќи, 655 жители четиригодишно училиште, црква и манастир. Со пописот од 2002 година, во селото живеат шест домаќинства со 12 жители. Денес, чад од само еден оџак.

А што значи Скребатно? Скреба или бела лоза, слично е на повитот, само со помали димензии. Расте до пет метри, но не се качува на дрвјата, туку густо ги покрива околните грмушки. Старите велат дека од скреба се варело чај за смирување на организмот.

Но нашиот пат за денеска е малку „повисоко“… 800 метри подалеку… до црквата „Св. Богородица“, црква што според својата градба, архитектура и остатокот од фрески во олтарната апсида, потекнува од 16. век, од времето на монахот Кипријан, зограф од Слепченскиот манастир.

Легендата раскажува дека селаните на почетокот сакале црквата да ја изградат поблиску до селото. Три пати почнувале, но ѕиданото некој навечер го уривал, а алатите на мајсторите ги префрлал повисоко на местото каде што денес се наоѓа црквата. Тогаш некој се сетил и рекол дека треба да се исполни желбата на Богородица и црквата посветена  нејзе да се изгради пред „прекрасните ливади, меѓу столетните дабја, во близина на бистра и студена вода“.

Со векови црквата „Св. Богородица“ претставува посебен аманет за сите селани што живееле или потекнуваат од Скребатно. Автомобилот се остава пред портите. Дотука се вози. Пред портата, охридската калдрма, онаа вадената од чаршијата, откај чинарот. За арно дадена да се вгради пред влезот на „Св. Богородица“.

Понатаму пеш, низ ливадите, шумите, угоре кон средениот терен за фудбал, тениското игралиште и теренот за кошарка. Со поглед ја опфаќате Самарница и ја слушате Скребатска Река. Се полни од Анџаков Извор, местото Извори и уште многу планински води. Минува низ песок и камења, покрај дебели ореви и преку Коселеска Река се влева во Охридското Езеро

Чешмата со осум дулци е зад црквата. Една од најубавите чешми што лично ја имам видено по македонските светилишта. А има и пастрмка. Тука, во еден мал рибник, се чува охридската пастрмка, колку да не заборавиме како изгледа.

Одбележувањето на големите христијански празници и воопшто празнувањето на овие простори е вековна традиција. Главен празник е 28 август, денот кога се слави Голема Богородица. Тогаш доаѓаат сите. И месното население и печалбарите и туристите. На овој ден лани црквата поделила ручек за 10.000 гости. Биле заклани 77 курбани.

Церемонијата почнува со изнесувањето на барјакот од црквата. Накитен со шамии, јаболка, цвеќе и босилек, со барјакот црквата се обиколува три пати. Свештено лице го благословува народот, а поворката извикува: „Крсти носам, Бога молам, Господи помилуј!“ Потоа се запира пред портите и почнува лицитацијата.

Има уште една интересна приказна поврзана за овој ден. Според православните обичаи, на Голема Богородица се пости, но тука пак се мрси. Причината е поврзана со едно предание што раскажува за сточар кој со стадото бил зафатен во големо невреме. Стравувајќи за животот и за добитокот, сточарот се свртел кон црквата, ù се помолил на Богородица и ветил, ако жив излезе, дека на овој ден секоја година ќе дарува три курбани. И навистина, според преданието, небото се расчистило, невремето стивнало, а сточарот со стадото се спасил.

И оттогаш, секоја година дарувал три курбани. Впрочем, така се создала и втората атракција, организирањето заеднички ручек-ордија. Гостите се поседнати на лединката до црквата. Сите со земјени паници и дрвени лажици. А млади луѓе послужуваат. Првин со манастирска ракија, а потоа и со ручек, гулаш од јагнешко месо.

Ако решите да дојдете на излет, тука сè ви е подготвено. „Од народот – за народот“. За неверување, но функционира.

П.С. Заборавете го мобилниот телефон. Нема сигнал. Убавина, зар не?

istrazijamakedonija.com.mk

ShareTweetPin

Слични Posts

Акција „Овошно дрвце за пластични шишиња“ во општина Босилово
Приказни од селото

Акција „Овошно дрвце за пластични шишиња“ во општина Босилово

април 6, 2023
Ирена неуморно создава нови вкусови од локалното овошје и билки кои ги нуди регионот на Беровo
Приказни од селото

Ирена неуморно создава нови вкусови од локалното овошје и билки кои ги нуди регионот на Беровo

декември 14, 2022
Даниела Крстевска изработува сапуни со користење на природни состојки – бренд МОЈОТ САПУН
Приказни од селото

Даниела Крстевска изработува сапуни со користење на природни состојки – бренд МОЈОТ САПУН

ноември 30, 2022
Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил
Приказни од селото

Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил

декември 27, 2021
Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше
Приказни од селото

Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше

декември 22, 2021
„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово
Приказни од селото

„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

октомври 21, 2021

Прочитајте

Бајк тура до планинарски дом Дервен – ЗГ „Велес Бајкинг“ – Велес

Бајк тура до планинарски дом Дервен – ЗГ „Велес Бајкинг“ – Велес

март 19, 2021
Скриена под три јавори на сред село во Колешино – чешма Даревица

Скриена под три јавори на сред село во Колешино – чешма Даревица

јуни 1, 2021
Верба, љубов и надеж за македонското овчарско куче Караман

Верба, љубов и надеж за македонското овчарско куче Караман

март 21, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.