Во рамките на програмата за ре-грантирање на проектот „Национален рурален парламент како глас на руралното население”, здружението на граѓани „Ековита“ и здружението на производители на органска храна „Биовита“ го спроведуваат проектот „Фер кон природата“, поттикнати од поволните услови за развој на органското производство кои постојат во Тиквешкиот регион.
Здруженијата започнаа со активности во месецот август, кога ги мапираа постоечките 18 органски производители од регионот и евидентираа 19 потенцијални производители, обезбедувајќи ги потребните информации за селекција на 10 земјоделци кај кои се имплементираше органското производство и се подготвија да поминат низ процесот на контрола и сертификација. Беа вклучени земјоделци со растително, сточарско и пчеларско производство од селата: Корешница, Челевец, Тимјаник, Марена, Бегниште.
Проектот реализираше повеќе работилници и обуки, почнувајќи од месецот октомври, кога беа организирани работилници во с. Бегниште на тема „ Основи на органското производство„ и во Неготино во Агенцијата за вработување на тема „ Основи на органското производство и услови за самовработување во земјоделската дејност“. Во ноември во с. Марена беше реализирана работилница на тема „Основни принципи на органскотот производство“ – во мала приватна винарија, со акцент на регулативи и специфични барања на стандардот за органско производство на винско грозје и органско производство на вино и безалкохолни пијалоци од грозје.
Во декември, проектот спроведе обука на тема “ Техники на одгледување на специфични земјоделски култури според принципите на органското производство“, намента за 10-те земјоделци кои го применија органскиот начин на производство и кај кои се подготвува документитацијата потребна за спроведување на стручната контрола и сертификација. Како резултат на успешното спроведување на проектните активност, 10 земјоделци од Тиквешкиот регион добија сертификати за органско производство.
Сертифицирани се 4,33 ха лозови насади, 1,09 ха лековити и ароматични билки, 71 грло говеда, 36 пчелни семејства и една мала семејна винарија која произведува вино и сок од грозје.
E-Билтен бр.17 на МРР на РМ
aberdojde.mk