• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
петок, јули 4, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Природно богатство

Феноменот на вулкански топки (бомби) во Кратовско

април 29, 2021
Феноменот на вулкански топки (бомби) во Кратовско

Дали знаете дека во околуната на Кратово има на стотици вулкански топки или уште познати како вулкански бомби?

Вулкански бомби претставуваат делови на лавата кои се откинати како вжештена тестеста маса и со ерупцијата исфрлени од кратерот. Поради движењето во воздухот тие задобиваат различни облици и форми (Боев, 2006). Во Природонаучниот музеј се изложени вулкански бомби стари 15 милиони години, кои се пронајдени во атарот на селото Неокази крај Пробиштип. Најголемата бомба тежи околу 300 килограми, a хемискиот состав на бомбата треба се уште да се испитува.

Според обликот и големината на бомбите, најверојатно се работи за вулкан во Кратовско – злетовскиот регион кој имал силни ерупции. Бомбите се природна реткост.  Досега во Македонија не се пронајдени вакви вулкански остатоци. Вулканот од кој се исфрлени бомбите имал силна еруптивна моќ. Тој бил активен од пред 35 милиони години, а неговата активност престанала пред два милиони години. Не се знае кога повторно ќе се активира. Вулканизмот се јавува во фази. Ако можел да престане да работи пред два милиони години, може да се случи и повторно да се активира. Во врска со ова е и пронаоѓањето на најмладиот вулкан, односно кратер на главниот кратер од Кратово т.н. вулкан Штрковец во близина на с. Шлегово. Тоа е најмлад вулкан, бидејќи денес во околината некогаш исфрлената магма се наоѓа во форма на топки, кои според структурата не се толку цврсти, повеќе личат на седиментни отколку на вулкански карпи. Овие топки на горната страна имаат кора која укажува дека се распаѓаат. Сепак најрепрезентативните вулкански бомби кои му даваат и специфичен облик на просторот во облик на микрорелјефни форми се вулканските бомби откриени во околината на Кратово, поточно во с. Горно Кратово кое се наоѓа на 4,5 km оддалеченост северно од градот. Староста на бомбите со оглед на вулканизмот во овој крај е олигоценска.

Од сопствени истражувања е забележано дека тие можат да се сретнат во поединечни форми во атарот на селото. Но, како поголема оаза на овие микрорелјефни форми можат да се сретнат во една линија која следи од местото наречено Орница (според жителите), во горниот дел се до зградата на мала филтерна станица во долниот дел од таа линија. Наклонот на самиот терен се  движи од 15 – 20˚ па сметаме дека тие се откриени на површината под дејство на ерозивни процеси. На ова укажува и нивната поединечна распространетост во горниот дел на набљудуваниот предел па се до групните појави во долниот дел. Самата линија оди во должина од околу 200 – 250 m, а во широчина  од 10 – 15 m. Самиот наклонет терен има јужна експозиција и се спушта во долината на Табачка Река која тука ја всекла својата речна долина.

Овој предел е поврзан со активноста на вулканскиот центар Уво – Буковец и паразитскиот центар Голем Рид кој се наоѓа североисточно од главниот центар. Временските рамки и видот на вулканската активност кај двете структури се поклопуваат (олигоцен). На запад од Голем Рид се наоѓаат неколку помали паразитски купи како што се Валановец и Потис. Токму паразитската купа Потис се наоѓа југоисточно од просторот на кој што се лоцирани вулканските бомби. Сметаме дека вулканските бомби потекнуваат од магмата која е исфрлена токму од тие паразитски купи со нивниот центар Голем Рид. Горнократовските вулкански бомби претставуваат еден од најубавите природни мотиви, кои биле создадени во времето додека биле активни најголемите вулкани на Балканот. Локалното население ги користело за изградба на куќи од камен и за преградување на водите, а денес најчесто како украс. Вулканските бомби сеуште се неоткриени тајни на богатото кратовско подрачје.

Вулкански бомби – со пречник до 80 сантиметри и тежина до 200 килограми, се природна реткост во Горно Кратово. Тие биле создадени пред 20 – 30 милиони години, во времето кога еруптивната магма избивала на површината. Од вжештената лава, со температура од 1000 степени, исфрлената течна маса се разладувала за време на летот и од неа се создавале тела со совршена форма на топка. Се среќаваат со големина на јаболко, па се до пречник од 80 cm, а жителите велат дека можат да достигнат и тежина од 200 kg. Мерено од површината на земјата височината им достигнува до 1 m. На набљудуваниот простор ги има над 10 изразито големи вулкански бомби, а бројот на средните и мали по големина бомби е далеку поголем (над 150). Најчесто во природата можат да се најдат како единечни или по две бомби на едно место. Се среќаваат во неколку варијанти на топчести форми од правилна топчеста до јајцевидни и печуркаста  форма.

Вулканските бомби сведочат за нескротливите природни сили, кои оставиле траги од збиднувањата во дамнешните времиња, создавајќи уникатно дело, а прекрасните предели што извираат од утробата на вулканските карпи се вистинска сензација за очите и душата. Локалното население во минатото ги користело за изградба на куќи од камен, а денес најчесто служат за украс. Покрај странските истражувачи, за оваа природна атракција најмногу се заинтересирани странските туристи. Но главен проблем е што поради неизградената патна инфраструктура, тешко се стигнува до овој локалитет.

Вулканските бомби како експонати можат да се видат и во Општинскиот центар за карпеста уметност во Кратово, кој од неодамна склучи договор со повеќе туристички агенции за посета на локалитетот во Горно Кратово и на другите знаменитости во овој регион.

igeografija.mk

ShareTweetPin

Слични Posts

Животински биодиверзитет во Моноспитовско блато
Природно богатство

Животински биодиверзитет во Моноспитовско блато

август 15, 2024
Студија за ревитализација на Моноспитовско блато
Природно богатство

Студија за ревитализација на Моноспитовско блато

август 15, 2024
Растителен диверзитет во Моноспитовско блато
Природно богатство

Растителен диверзитет во Моноспитовско блато

февруари 16, 2024
Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови
Природно богатство

Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови

март 28, 2022
Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште
Природно богатство

Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште

јуни 11, 2021
Лековити билки – Берење, сушење и складирање
Природно богатство

Лековити билки – Берење, сушење и складирање

јуни 9, 2021

Прочитајте

“Информирани и безбедни фармери во услови на пандемија од Ковид 19”

“Информирани и безбедни фармери во услови на пандемија од Ковид 19”

март 2, 2021
ПАТЕКАТА НА КЛУКАЈДРВЧЕТО

ПАТЕКАТА НА КЛУКАЈДРВЧЕТО

март 2, 2021
Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

март 15, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.