• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
вторник, јануари 31, 2023
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Природно богатство

Убавините на Кривошијска Река на Шар Планина

март 2, 2021
Убавините на Кривошијска Река на Шар Планина
Кривошијска Река е кратка (3,5 km) десна притока на реката Пена во еден од најубавите предели на Шар Планина, познат како Лешница. Реката тече речиси во меридијански правец од југ кон север. Нејзиното извориште е на 2200 до 2300 m надморска височина во циркот Кривошија, западно од Титов Врв (2747 m). Во Пена се влева на надморска височина од 1500 m, што значи дека на така кратка должина има огромен пад од дури 700 m. Најголем дел од водата во изворите на рекичката потекнува од врнежите и топењето на снегот во циркот. Неколку извори под челните морени, вода добиваат со подземно истекување од плиткото Кривошијско глацијално езеро (2238 m). Целиот пејсаж во изворишниот дел е преубав, со истакнати остатоци од некогашната глацијација. Тука е маркантниот цирк широк 1,5 km, со големи карпести отсеци по страните, потоа неколкуте моренски бедеми кон „излезот“ на циркот (на север), а нешто пониско се огромните отсеци на Лешница. Самото Кривошијско езеро, во централниот дел на циркот, е едно од преку 20-те глацијални езера на македонската страна на Шар Планина. Длабоко е 0,5 m, долго 95 m, а широко 80 m и речиси целосно исполнето со седименти. Езерото се одржува од неколку притоки, а се одлива преку истек што понира кон споменатите извори. Сочуваните траги укажуваат дека езерото во минатото било пошироко и подолго, но сега е во фаза на изумирање.
Поради големиот надолжен пад, долж течението на Кривошијска Река се јавуваат повеќе водопади и еден слап. Така, околу 1 km низводно од извориштето е првиот покарактеристичен водопад кој се нарекува Кривошијски водопад или Горно Цкало. Се наоѓа на 1880 m надморска височина, а вкупниот пад му изнесува 14 метри (9 m + 5 m). Протекот на водата низ водопадот варира и во зависност од сезоната се движи од 20-150 литри во секунда. Водата е студена, а нејзината температура обично е околу 10-12 степени Целзиусови. Интересно е што без оглед на релативно малиот протек, водната завеса преку карпата е широка 2-3 m и се распрснува во бројни ситни капки кон подножјето. Овде, глетката е навистина импресивна, посебно кога ќе се забележи водопадското виножито. Инаку, во карпестите маси странично од водопадот има две поткапини длабоки по десетина метри во кои може да се засолните при лошо време.
Само неколку стотици метри низводно од водопадот, при помал протек (од јули до септември), Кривошијска река понира во огромните наноси од сипарски материјал, натрупани со кршење и распаѓање на карпите на долинските страни. Овде е можеби највпечатливиот дел на долината, па и на Лешница, со стрмни, речиси вертикални страни високи и до 600 m. На карпите по страните се забележуваат различни денудациски форми во вид на остенци, карпести прозорци, подкарпи, потоа поткапини, мали пештери, огромни искршени блокови, купови од помали парчиња и сл.
На околу 1 km низводно, реката повторно избива на површината и преку серија од брзаци доаѓа до големиот Кривошијски слап (Долно Цкало). Слапот се наоѓа на надморска височина помеѓу 1550 и 1600 m и се состои од вкупно 6 водопади. Истите се лесно достапни по уредената и означена патека која започнува од шумскиот пат во близината или од Долна Лешница. Посебно возбудлив е горниот водопад висок 11,2 m (6,7+4,5 m) чија вода паѓа во кружно издлабена карпеста сала, создавјќи голем базен (џиновски лонец) на дното. Поради прекршувањето на светлината и бојата на карпите, водата како да ја менува бојата од светла, пенлива до зеленкасто-сина. Полузатворената карпеста сала, настаната со вековната ерозија на водата, создава силно ехо од водопадот, а сето тоа ве фасцинира и ве остава без здив.
На 30-тина метри низводно се долните четири водопади скалесто наредени еден под друг, чија вкупна височина е околу 30 m. Поради всеченоста на водопадите во карпите, тие делумно се задскриени од погледот и тешко може целосно да се видат (всушност, може, но пристапот е ризичен). Затоа пак, високиот пад на водата создава силна бука која се слуша од далеку. Според нашите проценки, протекот на водата на овој слап е од 30 литри во секунда во август и септември, до преку 300 литри во секунда во мај и јуни, за што сведочат крупните валутоци и парчиња карпи по дното.
Во овој понизок дел на реката, како сегмент од фасцинантниот геокомплекс Лешница, пејсажот го надополнуваат густата шумска вегетација, разновидниот растителен и животински свет, шумското овошје во летниот период (малини, јагоди, капини), зелените пасишта и др.
Без оглед на неверојатната природна убавина, поради лошиот макадамски пат до месноста Лешница и немањето на сместувачки објект или планинарски дом, овој простор е релативно слабо посетен и слабо туристички искористен. Од друга страна, забележливо е дека се повеќе планинари и вљубеници во природата наоѓаат начин (преку Лешница или Титов Врв) да дојдат до оваа речиси недопрената природа. Сепак, загрижува тоа што во последно време, дел од овие уникатни природни вредности се деградираат со незаконско пробивање на шумски патишта, дива сеча на шумите, ловокрадство, претерано фрлање на секакви отпадоци во природа и многу друго. Заради тоа, неопходна е подобра законска заштита, не само на овој простор, туку и на поголем дел од Шар Планина, со цел зачувување на непроценливото природно наследство за идните генерации.
Во меѓувреме, доколку имате можност, посетете го просторот на Лешница со долините на Кривошијска и Лешничка Река. Не само што ќе уживате во пејсажот кој ќе ве остави без зборови (не верувајќи дека такво нешто има кај нас), туку воедно одлично ќе се релаксирате, ќе се надишете чист воздух и ќе ги наполните „батериите“.
д-р Ивица Милевски
ShareTweetPin

Слични Posts

Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови
Природно богатство

Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови

март 28, 2022
Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште
Природно богатство

Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште

јуни 11, 2021
Лековити билки – Берење, сушење и складирање
Природно богатство

Лековити билки – Берење, сушење и складирање

јуни 9, 2021
Никифорово – „гнездо“ на падините на планината Бистра
Приказни од селото

Никифорово – „гнездо“ на падините на планината Бистра

мај 31, 2021
Киселичка пештера и нејзините тајни!
Природно богатство

Киселичка пештера и нејзините тајни!

мај 21, 2021
Пештерата Су Кујусу или во превод „Дупка со вода“
Природно богатство

Пештерата Су Кујусу или во превод „Дупка со вода“

мај 17, 2021

Прочитајте

Болдеринг меѓу старите манастири во Македонија

Болдеринг меѓу старите манастири во Македонија

април 20, 2021
Општина Конче ги подобри условите за активен рурален туризам.

Општина Конче ги подобри условите за активен рурален туризам.

март 15, 2021
Крстот на Побиен Камен (Од енигма до реалност)

Крстот на Побиен Камен (Од енигма до реалност)

март 18, 2021

Популарно

  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од корењата на столетните стебла на чинарите (јавори) истекуваат 40 литри вода во секунда – Мокрински извори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.