• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
вторник, јануари 31, 2023
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Успешни приказни

Тихувањето, кое очигледно е темел на карактерот на Панче Ѓоргиев, блеснало во голема експлозија, која како и онаа исконската не завршува во хаос, туку воведува раскошен поредок на бои во движење – Коста Милков

февруари 11, 2022
Тихувањето, кое очигледно е темел на карактерот на Панче Ѓоргиев, блеснало во голема експлозија, која како и онаа исконската не завршува во хаос, туку воведува раскошен поредок на бои во движење – Коста Милков

Кон изложбата „Психосоматски импресии“ на Панче Ѓоргиев

Сѐ тече и сѐ се менува или пак, можеби не? Хераклит или Парменид? Шекспир оваа дилема ја ставил во устата на Хамлет кој филозофски прашува „да се биде или не?“. Иако прашањето во контекстот на драмата не e онтолошко, туку егзистенцијално, не е можно за него да не се размислува и како за судирот меѓу движењето и мирувањето. Од одговорот ќе зависи нечиј поглед на стварноста или на она што се смета за суштина на постоењето.

До денешен ден филозофската расправа на овие две гледишта не ѝ се гледа крајот. Но во рамките на христијанската мисла оваа дихотомија има крајно интересен статус. Што е симбол на совршенство, движењето или мирувањето? Врз концептуалното и интелектуално наследство од претсократовците до неоплатонистите, христијанските полемисти, апологети, егзегети и херменевти почнале да градат теолошка структура за Божјото битие соодветно со неговата самообјава.

Во третиот век, Ориген ќе се обиде да даде конкретен одговор на оваа дилема од христијанска перспектива. Неспорно генијален, тој сепак во некои сегменти ќе дозволи дотогашното филозофско поимање на Бог да го засени библиското. Така кај него, мирувањето е совршенство, додека раздвижувањето е вовед во падната состојба. Сепак, тој не колабира во неоплатонистичката хеноза на апсолутната едност на божественото што мирува, туку е свесен дека созданието е категорички различно од создателот.

Недвосмислено христијанскиот одговор ќе го дадат кападoкиjските отци во четвртиот век, за од шестиот век натаму да стане водечкото теолошко тврдење за Бог – Бог е истовремено апсолутно мирување и непрестајно движење. Богословската дефиниција е „вечно раздвижено мирување“. За христијанската мисла ова не е дихотомија или апсурд, туку парадокс. Основата на постоењето е и мирување и раздвижување. Оттаму и категоричното отфрлање на христијанството на секаков вид гностички дуализам. Она што Бог го создал е добро. Нема дихотомија меѓу духовното и телесното. Врв на таа хармонија е човекот кој е психосоматско битие.

Насловот на оваа изложба на академскиот сликар Панче Ѓоргиев е „Психосоматски импресии“. Главнината на сликите се импресионистички пејзажи и камерни мотиви, но има и неколку впечатливи портрети со експресионистички колорит. Во нив, како и во секое уметничко дело, се огледува духот или внатрешниот живот на авторот. Со овој опус на дела, Панче, кого го познаваме низ повеќедецениско творештво, пројавува безрезервно и беспоштедно разголување на душата. Ова е пример на мирувањето и раздвижувањето доведени до крајни граници.

Парадоксот е ставен на драматичен тест. Контемплативниот и интровертен лик или образ на Панче, сета онаа воздржаност, притаеноста и економичноста со зборовите, на белите платна се изразени преку молњи и громови. Мирувањето на духот се манифестира преку раздвижување на раката на уметникот.

Стожерната длабокоумност е клучна оска околу која забрзано кружат креативните соѕвездија. Средишната точка е во апсолутно мирување. Колку подалеку е соѕвездието од оската, толку побрзо се движи низ просторот, колку е поблиску станува сѐ посмирено. Секое си има свое место и автентично сведочи за овој парадокс на физичките закони. Сликите на Панче Ѓоргиев претставуваат такви уметнички соѕвездија кои кружат околу генијот на уметникот. Најблиските се истовремено и најсмирените пејзажи во опусот. Така овие психосоматски импресии според кои изложбата е и наречена сведочат за тоа.

На делото „Есенска импресија“ е насликан миг во движење. Мотивот на есента уште повеќе го нагласува овој непрекинат круг на менување на годишните времиња. Постојано исти четири годишни времиња, а никогаш исти импресии. Од студената сина боја, преку тиркизната, па сѐ до топлата окер и кафеавата, со бројни нијанси меѓу нив, времето стои, а сезоните минуваат.

Слично е и на делото „По дождот“. Распрсканите капки во воздухот ја разбиваат белината на светлината потсетувајќи нѐ дека постојано се стремиме кон правењето од мигот вечност и постојано сме потсетени дека движењето ни е подарок кој не смееме да го занемариме. Ако од мирувањето не произлегло раздвижување ни вселената, а ни ние не би постоеле.

Оваа блажена непостојаност која извира од постојаност академскиот сликар Ѓоргиев ја пренесува преку сите четири годишни времиња. „Сивиот пејзаж“ е импресија на зимата, а другите два, „Пролетен пејзаж“ и „Жешко лето“ и овие две годишни времиња. Во пет слики ни е доловена суштината на севкупниот творечкиот циклус од триесетина дела. Четирите годишни периоди и дождот како медиум која ги раздвижува боите на светлината. Но авторот не застанал тука. Психосоматските импресии изразени преку движењата на четката почнуваат да зборуваат и со јазикот на експресионизмот. Духот на уметникот е во смирение, но не е анхоритски или пустинички. Тоа е секако подвижнички дух, но од кеновитски вид. Неговото подвижување не е во пустинската монашка ќелија, туку во обителската урбана раздвиженост.

Така, експресионистичкиот израз се наѕира во „Пејзаж со архитектура“. Посилната употреба на палетата и контрастот од пејзажите нѐ воведува во приказот на човечката фигура. Во портретот и во мотивот на живот во заедница. Шеширите доминираат и раскажуваат експресивна приказна. Насликани на делата „Девојката со шешир“ и „Во чаршија“ тие се толковен клуч на Ѓоргиев за тоа дека човекот е социјално битие, а шеширот е универзален симбол и детаљ за тоа дека една личност се подготвила за дружење, поточно за споделување на својот живот со другите.

Експресиите за урбаниот живот доаѓаат до особен израз во делата „Струмичко корзо“ и „На кафе во Голд“. И едната и другата слика би можеле да се наречат „Корзо“ и „На кафе“. Но раздвиженоста на овие универзални поими се вртат околу стожерот на даденото место, градот Струмица и кафулето „Голд“. Општата именка како слободен радикал е смирена сврзувајќи се со конкретно место.

Сѐ тече и сѐ се менува, а сепак сѐ мирува и сѐ останува исто. Овие исклучително вредни дела на Панче Ѓоргиев сведочат за него како за искусен уметник кој својот живот и својот животен светоглед успеал да ги пренесе преку медиумот за кој е врвно талентиран и образуван. Тихувањето, кое очигледно е темел на неговиот карактер, блеснало во голема експлозија, која како и онаа исконската не завршува во хаос, туку воведува раскошен поредок на бои во движење.

Изложбата во Уметничката галерија „Метаноја“ ќе трае до крајот на февруари 2022.

Коста Милков

okno.mk

ShareTweetPin

Слични Posts

Балкански „зелени“ бизнис приказни – проект NAGE
Успешни приказни

Балкански „зелени“ бизнис приказни – проект NAGE

ноември 30, 2021
Втор Балкански рурален парламент
Успешни приказни

Втор Балкански рурален парламент

октомври 8, 2021
Работилниците за производство на локална храна (Food Hub) нова можност за зголемување на производството на локалната храна
Успешни приказни

Работилниците за производство на локална храна (Food Hub) нова можност за зголемување на производството на локалната храна

јуни 7, 2021
Во пријатна атмосфера творат на  традиционална графичка работилница
Успешни приказни

Во пријатна атмосфера творат на традиционална графичка работилница

мај 26, 2021
Презентација на проектот ,,Национална платформа за женско претприемништво’’
Успешни приказни

Презентација на проектот ,,Национална платформа за женско претприемништво’’

мај 21, 2021
Jаготките од селото Габрово, Беласица
Успешни приказни

Jаготките од селото Габрово, Беласица

мај 20, 2021

Прочитајте

Промоција на крушевската традиција

Промоција на крушевската традиција

март 16, 2021
Селото Клисура и Долината на кактусите!

Селото Клисура и Долината на кактусите!

март 27, 2021
Будимирци – мариовско село во прегратките на Ниџе планина

Будимирци – мариовско село во прегратките на Ниџе планина

март 13, 2021

Популарно

  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од корењата на столетните стебла на чинарите (јавори) истекуваат 40 литри вода во секунда – Мокрински извори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.