• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
недела, април 2, 2023
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Културно наследство

Таа е со старост меѓу 450-600 години – Црната дудинка од Лесново

март 26, 2021
Таа е со старост меѓу 450-600 години – Црната дудинка од Лесново

Во дворот на познатиот Лесновски манастир, веднаш до манастирската врата и до црквата се наоѓа едно од најинтересните заштитени подрачја во Македонија – лесновската црна дудинка. Ова живо дрво спаѓа во групата на најмали по површина заштитени подрачја – поединечни стебла.

Се смета за најстаро стебло од дудинка во Македонија и се работи за автохтон вид. Според дендрохронолошките анализи таа е со старост меѓу 450-600 години. Стеблото од црната дудинка (Morus nigras) се наоѓа на влезот во населеното место Лесново, во дворот на манастирот Свети Гаврил Лесновски на надморска височина од 876 м., во општина Пробиштип.

Во 1962 г., според Републичкиот завод за заштита на споменици на културата, стеблото од црна дудинка во дворното место на Лесновскиот манастир е прогласено за споменик на природата.

Денес, стеблото од дудинката поради својата старост е искривено и полегнато, но се уште е здраво. Фактот што се наоѓа во двор на активен манастир претставува дополнителна заштита за него.

Според најновите истражувања од 2014/2015 година, експертите даваат предлог ова заштитено подрачје од категорија Споменик на природа да се премести во категоријата Природна реткост. Местоположбата на стеблото од црна дудинка, специфичниот и единствен раст и развој и значењето што го има за самиот манастир, се основните причини за потребата од покренување на постапка за прогласување за дудинката за природна реткост.

doma.edu.mk

ShareTweetPin

Слични Posts

На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити
Културно наследство

На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити

јуни 3, 2021
Виното во Македонија
Културно наследство

Виното во Македонија

мај 31, 2021
Во домот на водниот змеј – Плачковица
Културно наследство

Во домот на водниот змеј – Плачковица

мај 10, 2021
Виното тоа е живот
Културно наследство

Виното тоа е живот

мај 8, 2021
Радовишки марифети: ТАТЛИЈА
Културно наследство

Радовишки марифети: ТАТЛИЈА

мај 2, 2021
Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!
Културно наследство

Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!

мај 1, 2021

Прочитајте

Национална асоцијација за развој на руралниот туризам – нова енергија во развојот на руралниот туризам во Македонија

Национална асоцијација за развој на руралниот туризам – нова енергија во развојот на руралниот туризам во Македонија

декември 30, 2021
Вила и вино во подзаборавеното село Рамне: Феноменален поглед

Вила и вино во подзаборавеното село Рамне: Феноменален поглед

март 22, 2021
Подржана сточарска фарма во Ерџелија од проектот „From Disability to FoodAbility”

Подржана сточарска фарма во Ерџелија од проектот „From Disability to FoodAbility”

април 6, 2021

Популарно

  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од корењата на столетните стебла на чинарите (јавори) истекуваат 40 литри вода во секунда – Мокрински извори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.