• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
среда, јуни 25, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Останато

Страшко Милошевски: ем актер, ем гурман, ем производител, ем планинар…

април 4, 2021
Страшко Милошевски: ем актер, ем гурман, ем производител, ем планинар…

Овој познат пробиштипски актер, работната кариера ја почнал како рудар, потоа се пробал и се пробил како актер-аматер, а откако дипломирал на Драмската академија во Скопје, и како професионален актер чиј фах е поетскиот театар. Kога станува збор за гурманлук, вреди да се споменат неговите производи: оцет од диви јаболка и модри сливи и слаткото од лути пиперки, познато како „Ем луто, ем слатко“.

На патувањето кон Торино, Италија, на најголемиот меѓународен саем за храна – Тера Мадре Салон дел Густо, во полниот автобус со македонската делегација составена од активисти и членови на Слоу фуд, но и производители, готвачи и студенти, вниманието ми го привлече еден господин со елегантна бела брадичка и длабок и пријатен глас за кој излезе дека е познатиот актер од Пробиштип, господин Страшко Милошевски.

На патувањето, овој познат актер, но и голем вљубеник во природата и во храната, не можеше да избега ниту од театарот, па на враќањето накај Скопје, стана и изрецитира неколку стихови, а неговиот глас успеа да го замолчи целиот автобус преполн со распеани и развеселени патници. Сепак, на патувањето тој беше само еден од претставниците на Слоу Фуд Македонија, претседател и оснивач на осоговскиот огранок на оваа организација, но и производител на оцет од диви јаболки, оцет (или како што го нарекува самиот, балсамико) од модри сливи, ракија, и најдоброто и најинтересно од се – неговото откачено слатко од лути пиперки, познато како „Ем луто, ем слатко“.

Со него зборувавме во автобус, на враќање од Торино, многупати прекинувани од повиците на неговите пријатели да го земе микрофонот и да каже уште некој стих или барем да им се придружи во песната.

Сепак успеавме да слушнеме за почетоците на неговиот работен век, кој наместо во театар, отпочнал во рудник.

„Завршив средно во рударско-геолошкото техничко училиште во Пробиштип и работниот век го започнав работејќи во рудник, најпрвин во Куманово, а потоа во Србија. Околу 1976.година се вратив во Пробиштип и во драмското аматерско студио „Зер“ кадешто веќе имав некои настапи и во текот на школувањето во средното училиште. Во тоа време таму работеа двајца ентузијасти од Штип, Симеон Гаврилов, и Васил Шумански, мои први учители во областа на театарот и со нив почнав посериозно да размислувам да се занимавам со таа работа.

Во 1978 година се подготвуваше претставата „Кралот Иби“ кадешто ја играв насловната улога и која беше победник на театарскиот аматерски фестивал во Кочани и беше прогласена за најдобра претстава во Македонија, а јас за најдобар актер-аматер. Со ова признание се стекнавме со право да учествуваме на југословенскиот фестивал во Требиње кадешто добив награда за најдобар актер и по враќањето од Требиње, моите режисери ми предложија да се запишам на академија. Во меѓувреме, на 23 години, се оженив и ја добив ќерка ми Марија, но тоа не ја потисна мојата желба да направам некаква квалитетна промена во мојот живот, напротив, ме натера да се обидам да се запишам на факултетот за драмски уметности во Скопје. Од 70 кандидати, приемниот испит го положивме само 7 студенти. Во 1982 дипломирав и се вработив во Домот на култура во Пробиштип, бидејќи чувствував морална обврска да ѝ се оддолжам на таа институција. Следната 1983.година, се вработив во Народен театар во Штип, кадешто бев до 1990. година, кога станав директор на Домот на културата во Пробиштип, еден мандат, а потоа повторно се вратив во театарот во Штип. Работев таму две години и потоа пак станав директор на Домот на културата, се до 2003 година, и на некој начин бев аниматор за развивање на драмскиот аматеризам и воопшто, на културата во Пробиштип. Од 2005. се до годинава, бев во театарот кадешто неодамна и се пензионирав.

Целиот тој период работев и на аматерски театарски претстави, снимав во Македонска телевизија документарни играни филмови од областа на нашата духовна историја, учествував во неколку македонски филмови, како „Оловна бригада“ на Кирил Ценевски, уште како студент, уште во неколку имав епизодни улоги, во „Среќна Нова“, а годинава и во најновиот филм на Теона Митевска кој се снимаше во Штип.

Како актер, во Македонија сум познат како еден од подобрите рецитатори на поезија и сум учествувал на сите значајни поетски манифестации во државата, од Струшки вечери на поезијата, Рацинови средби, Галичка ликовна колонија, Лесновски ѕвона, итн. Затоа, ако се зборува за определба и за фах, најблизок ми е токму тој т.н. поетски театар“, раскажува господин Страшко.

Во однос на неговата друга страна од животот, онаа врзана со природата и со производството, со уживањето, гурманлукот и шетањето, вели:

„Сите луѓе сме различни, но сметам дека еден живот е малку за човек да ги исполни сите свои желби и амбиции. Она што ми беше најблиско до мене е заштитата на животната средина во која живееме, па пред десетина години кога се појави Слоу фуд движењето во Македонија, почувствував дека се наоѓам во неговата филозофија. Јас сум еден од оснивачите на Слоу фуд Осогово од Пробиштип и одејќи по разни саеми стекнував одредени искуства и така некако дојдов и до идејата и самиот да направам некој свој производ.

Почнав со производство на оцет од диви кисели јаболки, кои, се разбира, ги берам самиот. Имено, убавината на Слоу фуд е во тоа човек од почетна фаза па до крај, да учествува во сите фази од процесот. Не сум голем производител но сакам и уживам да го правам тоа. Со тек на време почнав да го проширувам асортиманот на производи. Почнав да правам и оцет од модри сливи. За сето време правам и своја домашна ракија која е кај нас дел од традицијата, па речиси секое семејство порано имало своја ракија и свое вино. Јас ја почитувам таа стара традиција што сум ја наследил од своите родители и одамна си правам и вино и ракија, а ракијата се трудам да ја облагородам со одредени лековити билки, па така, можам да ви понудам ракија со коприва, со мента, потоа со глог, и уште десетина други лековити билки. Верувам дека е здраво да се консумира ваква ракија, но се разбира, не сум лекар и не ги нудам ракиите како лек. Тука станува збор за хедонизам, за задоволување на хедонистичките потреби што е и поентата на Слоу фуд движењето, а воедно и да се заштити традиционалниот начин на подготвување на пијалоци и храна, бидејќи со тоа го штитиме нашиот идентитет, самите себе како луѓе. На што би личеле ако немаме своја храна, препознатливи јадења, своја музика, свој автентичен избор во се“, прашува нашиот соговорник.

Инаку, приказната за неговиот најинтересен производ „Ем луто, ем слатко“, слаткото од пиперки, почнало откако пробал кога вакво слатко направила неговата пријателка од Крива Паланка. Му се допаднало и почнал да го прави и самиот, но го модифицирал и го збогатил рецептот такашто додал ѓумбир, цимет, ванила, малку рум, јаболкова киселина и на крајот, како зачин – алтанче или како што уште го нарекуваат ова растение, слаткарче или атарче.

„Ми го бараат каде и да појдам на овие саеми за храна, бидејќи е пикантен и интересен. Лани направив околу 150 тегли од 370 мл.

Сепак, морам да кажам дека немам амбиции да се сторам производител, туку попрво, како претседател на Слоу фуд Осогово, сакам да ги мотивирам и да ги натерам другите мали производители да се занимаваат со тоа и да ги понудиме тие наши производи и на странскиот пазар. Преку нашава слоу фуд филозофија можеме да делуваме кај луѓето со свои позитивни примери, и токму тоа и го правиме“, вели господин Страшко.

Освен тоа, тој е претседател и на планинарското друштво „Врв Плавица“ и секој викенд оди по планините.

„Направив интересен микс меѓу овие две работи, собирам билки, плодови кои ги претворам во краен производ, а воедно уживам во природата и во чистиот воздух. За жал, можам да кажам дека просечната возраст на членовите на нашето планинарско друштво е 60 години. Младите едноставно не се заинтересирани“, завршува господин Страшко.

Се разделуваме после 20-часовното весело патување, до некое следно дружење, можеби на следниот саем за храна во Торино.

Драгица Христова

ShareTweetPin

Слични Posts

Останато

ПРОЕКТ ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА ЗАЕДНИЦАТА

декември 20, 2021
Вистински мед ќе се кристализира во целата тегла, а лажниот само на дното
Останато

Вистински мед ќе се кристализира во целата тегла, а лажниот само на дното

јуни 19, 2021
Урбано мушичарење на Крива река
Останато

Урбано мушичарење на Крива река

јуни 8, 2021
Ќе се заштитуваат заштитените подрачја
Останато

Ќе се заштитуваат заштитените подрачја

јуни 2, 2021
Виното во Македонија
Културно наследство

Виното во Македонија

мај 31, 2021
Некои од најуникатните пејсажи во Македонија
Останато

Некои од најуникатните пејсажи во Македонија

мај 26, 2021

Прочитајте

Никифорово – „гнездо“ на падините на планината Бистра

Никифорово – „гнездо“ на падините на планината Бистра

мај 31, 2021
ГАСТРОНОМИЈА НА БРЕГАЛНИЧКИОТ РЕГИОН

ГАСТРОНОМИЈА НА БРЕГАЛНИЧКИОТ РЕГИОН

април 16, 2021
Едно поинакво ранoградинарство – село Банско

Едно поинакво ранoградинарство – село Банско

март 18, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.