Подгответе ги куферите за патување бидејќи во базата на Кајак.мк додадовме едно доста добро и уникатно сместување кое се наоѓа на 1000 метри надморска височина, а поточно во селото Модрич.
Модрич е село кое се наоѓа на западот од Македонија, помеѓу Струга и Дебар. Во ова село се наоѓа уникатната и реставрирана куќа „Модрич“ која спаѓа во категоријата сместувања кои се тренд за 2021-ва година. Доколку сте патници кои бараат престој на места кои дишат историја, тогаш ова е вистинскиот избор за вас.
Модрич е познат по својата уникатна местоположба и чистиот воздух, изворите со вода за кои е и снимен игран филм на таа тема „Време Води“ од Бранко Гапо, гостопримливота и отвореноста на луѓето кои живеат или потекнуваат од таму. Сместено на планинскиот венец на Јабланица, селото има богата историја и култура.
Луѓето што живеат во Модрич се со мијачка култура, а за оние кои не се запознаени, мијаците се етнографска група на Македонци кои живеат во регионот на Долна Река (Долна Река), исто така познат како Мијачија, а кој регион брои од 30.000 до 60.000 лица.
Во Модрич, покрај длабоката култура, она што привлекува многу туристи е и дивата и недопрена природа, изворите, шумите и реките кои се едни од најпознатите во Македонија. За љубителите на авантурите, мора да споменеме дека околу Модрич се наоѓаат доста познати планински врвови. Во селото се наоѓа и тврдината Модрич, која имала огромно значење во осмалниското владеење.
Затоа без размислување, дали треба да го посетите ова село, бидејќи ова е дефинитивно вистинската авантура за сите вас.
kajak.mk