• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
петок, мај 9, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Останато

Здружението ЈГПБР „Меден Исток“ нуди обука за „Пчелар за основно пчеларство на одржлив начин“

март 5, 2021
Здружението ЈГПБР „Меден Исток“ нуди обука за „Пчелар за основно пчеларство на одржлив начин“

Здружението ЈГПБР „Меден Исток“ нуди обука за „Пчелар за основно пчеларство на одржлив начин“, која е верифицирана од страна на ЈУ Центар за образование на возрасните. Целта на програмата е учесникот да се стекне со основни знаења, вештини и компетенции за примена на основните практики и техники за пчеларско производство на одржлив начин.

На обуката имаат право да се пријават сите заинтересирани кои имаат желба да се занимаваат со пчеларство и да ги применуваат биотехничките методи. Едукативната програма која е со времетраење од приближно 4 месеци и се реализира за време на викенди (часовите се адаптираат согласно временските услови и можностите за практична обука на пчеларник), се состои од 7 различни тематски модули со вкупно 110 часа. Теоретскиот дел се изведува во опремена училница во Кочани, а практичниот дел се изведува на опремен нагледен пчеларник во близината на Кочани, со можност за самостојна работа и учење. Теоретските и практичните содржини се во реализација на стручни и искусни обучувачи.

По успешно завршената обука, учесниците се стекнуваат со национално признат сертификат за работна оспособеност „Пчелар за основно пчеларство на одржлив начин“.

Модулите на едукативната програма се развиени со помош на размена на искуствата на швајцарската и домашната експертиза во рамки на Програмата за зачувување на природата во  Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од Фармахем. Дополнително, преку ПЗП, кај членовите на ЈГПБР „Меден Исток“ беше спроведено тригодишно научно-апликативно истражување во соработка со Александар Узунов од Факултетот за земјоделски науки и храна, во Скопје за примена и адаптација на биотехничките методи за контрола на крлежот (Varroa destructor) во летниот период, како замена на вообичаената употреба на синтетички хемиски средства, кои методи се инкорпорирани во едукативната програма.

Преку оваа едукативна програма и примената на концептот на одржливо пчеларење, пчеларите ќе можат да произведуваат безбедни и квалитетни пчеларски производи со посебна грижа кон природата и да креираат економска добивка, а со тоа и да се зајакне развојот на руралните средини.

Следниот циклус на обуки ќе започне во април, 2021 година.

medenistok.mk

ShareTweetPin

Слични Posts

Останато

ПРОЕКТ ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА ЗАЕДНИЦАТА

декември 20, 2021
Вистински мед ќе се кристализира во целата тегла, а лажниот само на дното
Останато

Вистински мед ќе се кристализира во целата тегла, а лажниот само на дното

јуни 19, 2021
Урбано мушичарење на Крива река
Останато

Урбано мушичарење на Крива река

јуни 8, 2021
Ќе се заштитуваат заштитените подрачја
Останато

Ќе се заштитуваат заштитените подрачја

јуни 2, 2021
Виното во Македонија
Културно наследство

Виното во Македонија

мај 31, 2021
Некои од најуникатните пејсажи во Македонија
Останато

Некои од најуникатните пејсажи во Македонија

мај 26, 2021

Прочитајте

Шеќерни спомени

Шеќерни спомени

април 2, 2021
Убавините на Кривошијска Река на Шар Планина

Убавините на Кривошијска Река на Шар Планина

март 2, 2021
Не сме од оние млади кои го напуштиле селото: Решивме да развиваме рурален туризам

Не сме од оние млади кои го напуштиле селото: Решивме да развиваме рурален туризам

март 4, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.