• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
четврток, јуни 26, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Приказни од селото

Селото Клисура и Долината на кактусите!

март 27, 2021
Селото Клисура и Долината на кактусите!

Селото Клисура се наоѓа во јужниот дел на Република Македонија на околу 5 км јужно од Демир Капија. До селото се доаѓа преку стариот макадамски пат за Гевгелија кој минува кај железничката станица Клисура. Овде всушност била правата локација на селото кое поради изградбата на пругата било преселено кон запад. Оттука, скршнувајќи кон запад и по уште 3 км асфалтен пат, се стигнува во самото село Клисура. На почетокот ќе ве „пречекаат“ сенките на илјадагодишните јавори под кои можете да се напиете ладна изворска вода која истекува од бројните извори.

Во втората половина на XIX век селото Клисура броело околу 600 домаќинства, но тој број постепено опаѓал се до втората половина на XX век, кога речиси целото село било иселено во Демир Капија. Всушност, во Демир Капија сеуште постои клисурското маало. Денес во селото Клисура живеат само две домаќинства од кои пак ќе бидете љубезно пречекани, угостени и запознаени со убавините на оваа недопрена природа, со месноста Краставец, преубавиот манастир Св. Никола како и со природниот феномен кој е необичен за овие простори и кој несомнемо треба да се види и доживее, а тоа е:

Долината на Кактусите

Вака го нарекуваат местото што се наоѓа веднаш над селото кое како да е послано со тепих од кактуси и со својата убавина ве остава без зборови. Кога на прв поглед ќе ги погледнете изгледаат како кактусите тука да се намерно посадени. Но тие се природно тука и се претпоставува дека нивното семе е донесено од птиците преселници кои наоѓаат засолниште во околните карпи. Благодарение на влијанието на медитеранската клима во овој дел на нашата земја, создадени се услови тие веќе неколку години да се присутни и да се шират на се поголем простор. Човекот пак, со дивото ископување во потрага по егзистенција, станува голема закана за кактусите.

Долината на кактусите и селото Клисура во последните неколку години се се повеќе посетени од домашни и странски туристи кои освен за оваа несекојдневна појава доаѓаат и поради прекрасната природа, планинарењето, планинскиот велосипедизам, риболов и алпинизам по вертикалните варовнички карпи кои се застапени во околината. Затоа, доколку сте во можност посететте го селото Клисура затоа што навистина има што да понуди и што да се види. Особено убаво е да се посети на 23 мај кога мештаните и иселените се враќаат за да ја прослават селската слава Св. Никола.

Подготвил: Стеван Ристов

ShareTweetPin

Слични Posts

Акција „Овошно дрвце за пластични шишиња“ во општина Босилово
Приказни од селото

Акција „Овошно дрвце за пластични шишиња“ во општина Босилово

април 6, 2023
Ирена неуморно создава нови вкусови од локалното овошје и билки кои ги нуди регионот на Беровo
Приказни од селото

Ирена неуморно создава нови вкусови од локалното овошје и билки кои ги нуди регионот на Беровo

декември 14, 2022
Даниела Крстевска изработува сапуни со користење на природни состојки – бренд МОЈОТ САПУН
Приказни од селото

Даниела Крстевска изработува сапуни со користење на природни состојки – бренд МОЈОТ САПУН

ноември 30, 2022
Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил
Приказни од селото

Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил

декември 27, 2021
Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше
Приказни од селото

Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше

декември 22, 2021
„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово
Приказни од селото

„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

октомври 21, 2021

Прочитајте

Локалните акциони групи – нова „тупаница“ во ревитализацијата на селото и руралните подрачја

Локалните акциони групи – нова „тупаница“ во ревитализацијата на селото и руралните подрачја

март 6, 2021
Митрите – величествените круни на духовните отци

Митрите – величествените круни на духовните отци

март 20, 2021
Вилата со најромантичен поглед кон Беровско eзеро

Вилата со најромантичен поглед кон Беровско eзеро

март 11, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.