• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
недела, јуни 29, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Културно наследство

Сакрален објект со магиските моќи на „љубовниот камен“- Манастирот Св. Никита

март 11, 2021
Сакрален објект со магиските моќи на „љубовниот камен“- Манастирот Св. Никита

Манастирот Св. Никита се наоѓа на падините од планината Скопска Црна Гора, помеѓу селата Бањане, Чучер и Горњане. Црквата е изградена од крал Милутин на преминот од 13-ти кон 14-ти век. Таа има карактеристична византиска архитектура и фасадна декорација, додека внатрешноста е покриена со живописот на познатите зографи Михаило и Ефтихиј. Денес се уште функционира како сакрален објект кој привлекува бројни верници и посетители, посебно поради магиските моќи на „љубовниот камен“ под кој се закопани коските на самиот светител.

Црквата има карактеристики низ кои се рефлектираат историските случувања од периодот на нејзиното градење. По српските освојувања територијата на денешна Македонија е поделена така што нејзините јужни делови припаѓаат на Византија, а северните, вклучувајќи ја и Скопска Црна Гора, влегуваат во границите на Српското Кралство под власта на Милутин. Тој по освојувањата дипломатски ги зацврствува своите односи со Византија преку брак со нивната млада принцеза Симонида. Целејќи кон модернизација тој прифаќа многу византиски влијанија кои, покрај другото, се манифестираат и во модата, сликарството и архитектурата. Гради низа сакрални објекти на територијата на неговото кралство, од кои некои имаат и западни романички влијанија. Но, црквите од Македонскиот регион, ги задржуваат само византиските карактеристики, како што се куполни решенија, опус на ѕидање и фасадна декорацијата.

Овој храм го гради врз темелите на постара црква и тоа со едноставно решение на впишан крст без нартекс, покриен со сводови и купола. На источната фасада се наоѓа повеќестрана апсида, која е карактеристична за овој регион.

Останатите три фасади се решени во систем на триумфална порта – три лаци од кои централниот е повисок, а двата странични се пониски. Надворешната декорација се состои од керамопластика и второстепена пластика. Самото ѕидање е изведено во опус клуазон, а кај лаците и куполата има и посебни декорации од тула. Вовлекувањето на фасадните полиња во слепи ниши предизвикува дополнителна разиграност на надворешноста.

Внатрешните ѕидни површини се покриени со живописот на познатите мајстори Михаијло и Ефтихиј, кои работат на повеќе цркви под ктиторство на кралот Милутин. Нивните фрески се карактеристични за новиот стил кој претставува врвно достигнување на византиското сликарство. Тие го смалуваат форматот на сликите кои се простираат по целата површина на ѕидовите и сводовите, што им овозможува вметнување на уште повеќе композиции. Фреските се карактеризираат со разработени детали и наративност, разкажувајќи низа настани од Библијата и историјата преку сцени кои содржат многу ликови, последени со динамичност и колоритност.

Во средината на храмот е поставен кружниот камен под кој крал Милутин ги има закопано коските на светителот Никита. Се верува во магиските моќи на овој камен со кој е поврзан ритуалот за исполнување на желби. За извршување на обредот верникот застанува на кружниот камен се крсти, се врти во круг три пати и кажува молитва за љубов или здравје.

Неговото стратешко позиционирање на врвот на ридот му обезбедуваат на манастирот поглед кон околната природа и Скопската Котлина. Неговиот двор најмногу се користи од посетителите на црквата за време на разните обреди, но им служи и на повремените станари кои престојуваат во конаците. При добрите временски услови оваа атмосфера се збогатува со групи на млади кои го користат дворот за собирања, пикници и одмор. Токму збирот на овие различни намени го збогатуваат манастирот, правејќи го историско наследство кое продолжува да живее и денес.

marh.mk

ShareTweetPin

Слични Posts

На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити
Културно наследство

На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити

јуни 3, 2021
Виното во Македонија
Културно наследство

Виното во Македонија

мај 31, 2021
Во домот на водниот змеј – Плачковица
Културно наследство

Во домот на водниот змеј – Плачковица

мај 10, 2021
Виното тоа е живот
Културно наследство

Виното тоа е живот

мај 8, 2021
Радовишки марифети: ТАТЛИЈА
Културно наследство

Радовишки марифети: ТАТЛИЈА

мај 2, 2021
Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!
Културно наследство

Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!

мај 1, 2021

Прочитајте

Ова не е „Game Of Thrones“, ова е споменикот во Зебрњак, Македонија

Ова не е „Game Of Thrones“, ова е споменикот во Зебрњак, Македонија

март 19, 2021
Во Македонија птиците се најзастапена група на р’бетници  со околу 330 видови птици

Во Македонија птиците се најзастапена група на р’бетници со околу 330 видови птици

март 12, 2021
Се одгледуваат претежно од хоби – кикирики

Се одгледуваат претежно од хоби – кикирики

април 26, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.