• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
вторник, јуни 10, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Приказни од селото

Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

март 18, 2021
Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

Радожда се наоѓа на западниот брег на Охридското Езеро, крај македонско-албанската граница. Сместено е во југозападниот дел на Општина Струга, чиј атар се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро. Радожда е сместено во подножјето на карпест гребен кој се спушта од планината Јабланица. Селото е рамничарско и расположено на надморска височина од 700 до 725 метри. Од градот Струга е оддалечено 11 километри во јужен правец и на два километри од границата со Албанија. Софија Јанева или позната како „Travel with Janeva“ викендот уживаше токму овде.

Радожда е богата со културни и природни знаменитости. Селото има седум цркви од кои централна е селската црква Свети Никола која е изградена во XVIII век. Други цркви се најстарата пештерска црква Свети Арангел Михаил која е од XIV век и поновите Св.Петка, Св.Недела, Св.Среда, Св.Илија и Св.Богородица. Понова знаменитост е 22 метри високиот крст којшто се наоѓа на влезот во селото.

Друга многу важна знаменитост е зачуваниот дел на патот Вија Егнација-зимска траса. Таа минувала преку подалечните јужни предели преку Албанија и Македонија, бидејќи поблиските биле преку зима завеани и со тоа непроодни. Зачувани се околу стотина метри од поплочениот пат кој селаните го викаат калдрма. Од природните реткости најважно е самото езеро кое според староста е едно од најстарите во светот. Друга реткост е карпата која се наднесува над селото, која е висока околу 70-80 метри и долга околу 300 метри.

Во селото нема културни настани, туку помасовните настани кои се одржуваат се однесуваат на верските традиционални одбележувања на неколку празници. Тоа се фрлањето на крстот кое се обнови во 1990 година и кое се одржува на брегот на езерото кај црквата Св.Недела. Фрлачот и скокачите по крстот се наоѓаат во кајчиња на околу 50 метри од брегот. По фаќањето на крстот кој е метален и завиткан во бела риза, групата која го фатила заминува низ селото влегувајќи во сите куќи од селото каде се дарувани од населението.

Cover foto: Instagram: @janeva

ShareTweetPin

Слични Posts

Акција „Овошно дрвце за пластични шишиња“ во општина Босилово
Приказни од селото

Акција „Овошно дрвце за пластични шишиња“ во општина Босилово

април 6, 2023
Ирена неуморно создава нови вкусови од локалното овошје и билки кои ги нуди регионот на Беровo
Приказни од селото

Ирена неуморно создава нови вкусови од локалното овошје и билки кои ги нуди регионот на Беровo

декември 14, 2022
Даниела Крстевска изработува сапуни со користење на природни состојки – бренд МОЈОТ САПУН
Приказни од селото

Даниела Крстевска изработува сапуни со користење на природни состојки – бренд МОЈОТ САПУН

ноември 30, 2022
Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил
Приказни од селото

Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил

декември 27, 2021
Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше
Приказни од селото

Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше

декември 22, 2021
„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово
Приказни од селото

„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

октомври 21, 2021

Прочитајте

Вилата со најромантичен поглед кон Беровско eзеро

Вилата со најромантичен поглед кон Беровско eзеро

март 11, 2021
ОДРЖЛИВО ПРОИЗВОДСТВО НА ОРИЗ – ПРИДОБИВКИ И ЗА ФАРМЕРОТ И ЗА ПРИРОДАТА

ОДРЖЛИВО ПРОИЗВОДСТВО НА ОРИЗ – ПРИДОБИВКИ И ЗА ФАРМЕРОТ И ЗА ПРИРОДАТА

март 2, 2021
Што е вински туризам?

Што е вински туризам?

април 23, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.