Проектот го спроведува Национално здружение на сопственици на приватни шуми, во општините Берово и Пехчево.
Главна цел на проектот е да допринесе кон зачувување на природата преку побрза природна ревитализација на опожарените шумски подрачја и подигањето на свеста за последиците од разорувањето на биодиверзитетот.
Активности реализирани во рамки на проектот:
- Одредена е површина на терен (јаруга) со присуство на експерти за која е изготвен проект за уредување на јаруга
- Врз основа на експертскиот проект, уреден е репрезентативен дел од јаругите и местата со урвински процеси на ерозија со еколошко прифатливи техники (праг од плетери, фашини и обложување на јаругата со гранки) каде се ангажирани и стручни лица од ШФС кои го пренесуваат нивното искуство од работа на слични проекти.
- Мониторинг на уредените површини за следење на напредокот на ревитализација на екосистемот
- Организирана работилница од отворен карактер, во шума, со сопственици на приватни шуми
- Подготвена е брошура за промоција на еколошкоприфатливи техники за уредување на екстремни процеси на ерозија
- Организирана е интерактивна работилница со младите (тоа се идните сопственици на шумите) од основно училиште за значењето на шумите и шумските екосистеми
- Организиран е форум на 13.06.2016 во Пехчево за промоција на податоците од мониторингот на парцелите и останатите проектни резултати каде беа присутни 40-сетина учесници од повеќе институции како: Професори од Шумарскиот Факултет во Скопје, ЈПМШ преку преставници од своите подружници, Шумската полиција, Инспекторатот по шумарсво и ловство, НВО секторот и секако СПШ од регионот, а настанот беше и медиумски покриен. bregalnica-ncp.mk