• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
среда, јуни 25, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Природно богатство

Прилепско Езеро – излетнички туристички локалитет со голем потенцијал

март 26, 2021
Прилепско Езеро – излетнички туристички локалитет со голем потенцијал

Прилепското Езеро или езерото „Прилеп“ е вештачка акумулација, лоцирана во местото Горно Поле во долината на Ореовечката Река, 4 km североисточно од градот. Езерото се храни со малите водотеци: Пештерска и Стара Река, како и водите кои доаѓаат од атарот на село Крстец. Лачната, бетонска брана е изградена во 1965 година со поголем број на посебни бетонски лакови-столбови. Височината на браната на езерото изнесува 36 m, долга е 408 m, а ширината на круната изнесува 2,5 m. Котата на максималното ниво на водата се наоѓа на височина од 745 m. Акумулацијата е изградена во 1967 година. Максималната должина на езерото изнесува 1,5 km, додека максималната широчина изнесува 0,55 km, а зафаќа вкупна површина од 0,55 km2.

Прилепското Езеро е мало, но доста атрактивно, а со доуредување лесно може да стане посетен туристички локалитет. До 1980-тите години, до езерото постоел Мотел „Езеро“, кој бил изграден набрзо по изградбата на браната. Мотелот уште во тоа време претставувал туристичка мамка и бил посетуван од многу туристи. Денес, за жал, не постои никаков угостителски објект со кој би се поттикнал туристичкиот развој. Според локалната самоуправа на градот Прилеп, во тек е изготовка на детален урбанистички план, според кој во околината на езерото ќе се гради модерна викенд населба. Освен самата околина, езерото е значајно по тоа што располага со повеќе видови на риби од кои најзастапени се клен, скобал, крап и костреш. Кострешот како еден од ретките видови се одликува со тоа што е редок и многу вкусен за јадење. Затоа, најчести посетители на езерото се токму рибарите. Сепак, поради неконтролираниот риболов, езерото денес е заштитено од ловочувари кои го штитат од т.н. „крадци на риби”.

Прилепското Езеро како вештачка акумулација служи за наводнување на Прилепското Поле и дел од околните села, кои имаат изградено хидросистеми. Исто така,  служи за спортско – рекреативни цели како и излетнички локалитет, а со своето амбиентално опкружување нуди можности за велосипедизам, натпревари во спортска ориентација, организирање на излети, кајак на мирни води, како и натпревари во спортски риболов.


Автор: 
Филип Стомнароски, студент на Институт за географија

ShareTweetPin

Слични Posts

Животински биодиверзитет во Моноспитовско блато
Природно богатство

Животински биодиверзитет во Моноспитовско блато

август 15, 2024
Студија за ревитализација на Моноспитовско блато
Природно богатство

Студија за ревитализација на Моноспитовско блато

август 15, 2024
Растителен диверзитет во Моноспитовско блато
Природно богатство

Растителен диверзитет во Моноспитовско блато

февруари 16, 2024
Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови
Природно богатство

Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови

март 28, 2022
Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште
Природно богатство

Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште

јуни 11, 2021
Лековити билки – Берење, сушење и складирање
Природно богатство

Лековити билки – Берење, сушење и складирање

јуни 9, 2021

Прочитајте

Необична идеја – Од автобус направила стакленик

Необична идеја – Од автобус направила стакленик

април 16, 2021
На младата Анѓа, и се сонило дека треба да преноќи во месноста Џајкова чука и тука да остави некој нишан – село Скочивир

На младата Анѓа, и се сонило дека треба да преноќи во месноста Џајкова чука и тука да остави некој нишан – село Скочивир

мај 22, 2021
„Прстенски Водопади“- убавина која треба да се види

„Прстенски Водопади“- убавина која треба да се види

мај 5, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.