• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
четврток, јуни 12, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Природно богатство

Преку одгледување на локални сорти на растенија до спас од климатските промени

април 27, 2021
Преку одгледување на локални сорти на растенија до спас од климатските промени

Локалните сорти на овошје и зеленчук се култури и растенија што со векови се одгледуваат во еден географски простор, користејќи традиционални земјоделски практики и без употреба на комерцијални семиња и расад. Често постојат и т.н. автохтони видови или сорти, но поради комплексноста на точното утврдување на потеклото, почесто се спомнуваат како локални сорти.

Овие сорти настанале преку примитивна генетска промена (на пример со калемење) и со текот на времето под дејство на локалната клима.

Поголемиот дел од продуктите што се одгледуваат низ нашата држава и Брегалничкиот регион историски своето потекло го наоѓаат некаде во Северна и Јужна Америка или пак Азија и дури Африка. Пример за тоа се доматот, компирот, пиперка, пченката, тиквата – сите овие растенија пристигнале во Европа некаде пред околу 500-600 г. Но, силното култивирање, размножување како и под влијание на климата дало можност за развој на регионални или локални сорти и варијации на растенијата и културите.

Денес, соочени со климатските промени и потребата за одржлив развој и чување на природните ресурси овие сорти и видови добиваат се поголемо значење. Ова се главните причини:

  1. Се штеди вода
    Локалните сорти и видови со текот на времето развиле генетска можност за опстанок со малку количество на вода. Во нашата држава владее умерено континентална клима со силно влијание од Медитеранот, па топлите и суви лета се честа појава кај нас.
  2. Одгледување на традиционален начин
    Поголемиот дел од локалните сорти се одгледуваат на традиционален начин. Со овој метод се зачувуваат локалните традиции и знаење, разумно се користат природните ресурси и се развива локалната заедница.
  3. Користење на одржливи практики во земјоделството
    Локалното население со употреба на одржливи практики во земјоделството се грижи природните екосистеми и нивниот биодиверзитет да бидат сочувани, управувани и користени одржливо преку користење на квалитетен семенски материјал, контролирање на примената на вештачки ѓубрива и хемиски средства.
  4. Се чува генетскиот биодиверзитет
    Во период кога сè повеќе се учи за значењето на биолошката разновидност, не смее да се пропушти и заштитата на агробиодиверзитетот. Сите видови, сорти и варијации се важни. Преку одгледување на овие растенија и култури ги одржуваме овие генетски линии живи.
  5. Се промовира здрав живот и здрава исхрана
    Веќе одамнa познатo e дека употреба на локално сезонско овошје и зеленчук е најдобар начин за исхрана. Здравиот начин на живот како светски тренд е една од главните можности за промоција на локалните сорти како најдобра опција за исхрана.

 

bregalnica-ncp.mk

ShareTweetPin

Слични Posts

Животински биодиверзитет во Моноспитовско блато
Природно богатство

Животински биодиверзитет во Моноспитовско блато

август 15, 2024
Студија за ревитализација на Моноспитовско блато
Природно богатство

Студија за ревитализација на Моноспитовско блато

август 15, 2024
Растителен диверзитет во Моноспитовско блато
Природно богатство

Растителен диверзитет во Моноспитовско блато

февруари 16, 2024
Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови
Природно богатство

Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови

март 28, 2022
Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште
Природно богатство

Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште

јуни 11, 2021
Лековити билки – Берење, сушење и складирање
Природно богатство

Лековити билки – Берење, сушење и складирање

јуни 9, 2021

Прочитајте

Патуваме низ Македонија: Македонското ЕЛ ДОРАДО – Плакенска планина и врвот Сталев камен

Патуваме низ Македонија: Македонското ЕЛ ДОРАДО – Плакенска планина и врвот Сталев камен

март 8, 2021
Конзервацијата е уметност, состојба на духот и на умот. Предизвик за кој треба да поседуваш уметничка дарба и шесто сетило – Славица Тасева

Конзервацијата е уметност, состојба на духот и на умот. Предизвик за кој треба да поседуваш уметничка дарба и шесто сетило – Славица Тасева

март 20, 2021
Природата Предупредува #budniliste. ,,ПРИРОДА или ОТПАД” – театарска претстава со костими кои се направени од рециклирани материјали

Природата Предупредува #budniliste. ,,ПРИРОДА или ОТПАД” – театарска претстава со костими кои се направени од рециклирани материјали

март 20, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.