• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
недела, јуни 4, 2023
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Приказни од селото

Преку модерен концепт на собирање средства за купување садници, до пошумени неколку ридски предели во Македонија – Treebanks

април 17, 2021
Преку модерен концепт на собирање средства за купување садници, до пошумени неколку ридски предели во Македонија – Treebanks

Авантуристичкиот тим на Treebanks преку модерен концепт на собирање средства за купување садници успеа за две години да пошуми неколку ридски предели во Македонија, а ниту пандемијата не ги поколеба во заедничката идеја да влијаат против глобалното затоплување. Одличната идеја на тимот на Treebanks, кој го предводи младиот инженер Михаил Стевчев, почнала да функционира кон крајот на 2018 година. Treebanks во 2019 засадил 1.700 дрвја на неколку локации во Македонија: на Водно, во Охрид, на езерото Младост на делот што го уништи големиот пожар и во Радовиш.

– Treebanks се роди од неколку различни жили кои изртија во различни периоди, а се споија во една пред неколку месеци. Во последниве неколку години голем број претприемачи пробуваат да најдат решение за глобалното затоплување. Подолг период со тимот на Treebanks размислувавме како да ги искомбинираме различните биографии во заедничкa идеја да влијаеме против глобалното затоплување, односно намалување на стакленичките гасови во атмосферата. На учеството на Софт лендинг во Берлин се запознав со можноста за користење филијален маркетинг за поддршка на одредена социјална кауза. Оваа нова алатка беше пресудна за создавањето на Treebanks. Со помош на процентот од филијалниот маркетинг од туристички услуги обезбедуваме средства за садење дрво – вели Михаел Стевчев за раѓањето на концептот во кое учествувале и неговиот татко Митко, кој е агроном по професија, и братот Невен, лекар.

Луѓето можат на неколку начини да помогнат во работата на Treebanks. Секоја резервација на booking.com направена преку страницата на Treebanks овозможува да се засади едно дрво. За оние што сакаат да патуваат, услугата нема да ги чини ништо, но ќе бидат дел од мисијата за намалување на последиците од климатските промени и зазеленувањето на нашата земја. Со оглед на тоа дека пандемијата, која е во полн ек, ги ограничи патувањата, оние што не патуваат можат да купат маичка со нивното лого, а средствата повторно ќе се наменат за садење дрвја. Најголемите ентузијасти што сакаат директно да придонесат во зачувување на животната средина можат да учествуваат во нашите акции за пошумување како доброволци.
– Средствата за садење дрвја ги собираме со помош на филијален маркетинг. Имаме партнерство со Вооking.com, Kiwi.com и Agoda.com. За секоја резервација на овие платформи што е почната од нашата веб-страница, Treebanks добива процент кој го инвестира во садење дрвја. Креативноста во овој модел за добивање средства е што е бесплатен за нашите поддржувачи. Без пари секој што патува може да придонесе за засадување дрвја во Македонија – додава Михаил.


Садењето дрвја низ земјава е огромна инвестиција на долг рок, но пошумувачкиот тим Treebanks има цел да достигне одржливост и годишно да засадува по околу 100.000 дрвја во Македонија.
– Нашата визија е на долг рок да стигнеме до милион засадени дрвја во Македонија. Локациите за садење ги одредуваме во координација со комуналните јавни претпријатија на Македонија. Со помош на нашите поддржувачи во 2020 засадивме 4.350 дрвца. Имавме план да стигнеме до 10.000 дрвца, но тие планови ќе ги реализираме во оваа година – вели Стевчев.

Пандемијата лани го ограничи движењето, но тие најдоа нови креативни
начини да садат дрвја и да ги охрабрат луѓето да донираат и да придонесат за здрава средина.
– Од самите почетоци на Treebanks, за да имаме стабилен раст на бројот на дрвја што треба да ги засадиме, направивме 0диверзификација како ќе обезбедуваме средства за садење дрвја. Ова е причината зошто ја воведовме нашата позната Treebanks-маичка. Подоцна, за да покажеме и можност на реупотребување на материјалите, направивме лампиони за чија изработка користевме стари врати. Поради пандемијата, активностите на Treebanks зазедоа различен тек од тоа што го планиравме. Со цел да имаме акции за садење, во 2020 г. повеќе работевме на продажбата на маичките како извор на приход за пошумување – објаснува Михаил.

Садењето дрвја е инвестиција во зелена иднина. Тоа е мото на овие ентузијасти, кои последниов период работат на омасовување на идејата дека секој вљубеник во природата може со еден клик да придонесе во борбата против енормното загадување во Македонија.

– Уште ја немаме постигнато масовноста што ја сакаме. Со цел да стигнеме до што е можно повеќе луѓе, ја направивме кампањата „За секое зачленување на нашиот е-билтен, ќе засадиме дрвце“. Кампањата почна од 11 ноември и имаме над 4.000 зачленувања. Кампањата сè уште е активна и вашите читатели можат слободно да се зачленат и да нè следат во нашата работа. Наша цел е кога луѓето ќе помислат на садење дрвја, првото нешто што ќе им падне на памет да биде садењето дрвја. Сакаме да бидеме успешна приказна во Македонија. Добро да ги документираме процесите за работа во рамка која подоцна ќе ја искористиме во друга држава и со тоа ќе го направиме Treebanks интернационален проект – ги раскажа плановите на Treebanks, основачот на проектот, Михаил Стевчев.

fakulteti.mк

ShareTweetPin

Слични Posts

Акција „Овошно дрвце за пластични шишиња“ во општина Босилово
Приказни од селото

Акција „Овошно дрвце за пластични шишиња“ во општина Босилово

април 6, 2023
Ирена неуморно создава нови вкусови од локалното овошје и билки кои ги нуди регионот на Беровo
Приказни од селото

Ирена неуморно создава нови вкусови од локалното овошје и билки кои ги нуди регионот на Беровo

декември 14, 2022
Даниела Крстевска изработува сапуни со користење на природни состојки – бренд МОЈОТ САПУН
Приказни од селото

Даниела Крстевска изработува сапуни со користење на природни состојки – бренд МОЈОТ САПУН

ноември 30, 2022
Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил
Приказни од селото

Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил

декември 27, 2021
Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше
Приказни од селото

Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше

декември 22, 2021
„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово
Приказни од селото

„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

октомври 21, 2021

Прочитајте

Се одгледуваат претежно од хоби – кикирики

Се одгледуваат претежно од хоби – кикирики

април 26, 2021
Пчелите се всушност оние кои го прават медот „супер-храна“ – Наташа Велковска

Пчелите се всушност оние кои го прават медот „супер-храна“ – Наташа Велковска

април 10, 2021
Копаничарството – уметност со долга традиција и сведоштво за македонската култура

Копаничарството – уметност со долга традиција и сведоштво за македонската култура

март 15, 2021

Популарно

  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одведете ги вашите деца во селото Кожле!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.