• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
понеделник, јули 7, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Приказни од селото

Предлог идеи за бизнис на село

април 13, 2021
Предлог идеи за бизнис на село
  1. Пилана како рурален бизнис

Пиланата е идеален начин за канализирање на предностите од руралното деловно опкружување. За овој бизнис единствено е важна карактеристиката да се организира само во област каде што има доволно количество дрвја или шумска површина.

Постојат посебни предности за започнување на ваков вид на  деловна активност, а тоа е близината на суровините, што овозможува заштеда на залихите на материјалот и на транспортот. Шумата е природен ресурс, особено во Македонија, што може да стане основа за многу успешен бизнис.

Вработување на локалното население

Друга предност на идејата за отворање пилана во селото е организација на производство со учество на локалното население. Како што е веќе познато, понудата на стандардни работни места во селата е исклучително мала и честопати е во спротивност со бројот на жители кои живеат во руралните населби, односно локалното население кое е конкурентно за пазарот на трудот.

Дистрибуција и пазар

Градежните материјали направени од дрво се неопходни на пазарот, затоа продажбата на овој вид на стока нема да создаде потешкотии. Соработката со квалитетни производители на мебел е најдобриот начин за продажба на производите од пиланата, како и можноста за работа по нарачка. Мора да се разбере дека колку е поголем квалитетот на материјалите што ги изработувате, толку е поголем вкупниот приход на пиланата во селото.

  1. Рурален еко-туризам

Екотуризмот не е целосно нова идеја во светскиот бизнис. Неспорно е дека Македонија е богата со прекрасни природни предели и невидени убавини на релјефот, како  и растителниот и животинските  видови. Користењето на природните потенцијали кои се околу нас, а ги занемаруваме, е одлична деловна идеја.

Интернет платформа

Најдобар начин да се организира еко-туризам е да се создаде интернет платформа со која ќе привлечете поголеми групи туристи и локални жители кои уживаат во природата, а кои се организирани во голем број здруженија. Целна група во овој бизнис нека бидат жителите на големите градови кои сакаат да се одморат од брзото градско темпо и да ги обиколат убавините на својата земја или пак, едноставно да се релаксираат од напорните работни денови и загадениот градски воздух.

Предности на еко-туризмот

Голем плус на еко-туризмот е минималната инвестиција, бидејќи основната инфраструктура за овој бизнис веќе ја имате. Организацијата за посета на локации можете сами да ја направите, а исто така да можете да ја преземетеи улогата  на водич. Многу е важно да можете да изберете успешна рута што ќе ги импресионира посетителите и ќе ги натера постојано да се враќаат на вашите услуги.

Friends hiking in woods
  1. Производство на компост и брикети од паднати лисја

Малку е веројатно дека некој може да замисли дека заработката може да лежи под нозете, буквално. Сепак, поедини претприемачи веќе подолго време сфатиле како да заработат од паднатите лисја по кои одиме секој ден, гледајќи ги како нешто кое нема вредност.

Идејата воопшто не е премногу нова и иновативна, но малку луѓе всушност се свесни за потенцијалот на паднатите лисја и многу малку луѓе ја користат како суровина од која може да се заработи. Многу е поразително што толку малку бизниси се градат врз  еколошки суровини, бидејќи користењето на паднатите лисја како основа за водење на бизнис е многу едноставна – минимална трошок на капитал и на време.

Компост или еколошко гориво (брикет) може да се направи од паднати лисја. Предноста на ова производство е што самиот процес е прилично едноставен, а суровините може да се набават многу евтино. Сепак, дури и малото производство на брикети бара голема количина лисја за да самото производство има ефект.

Како да се реши проблемот со суровините?

Направете договор со комуналните организации кои ги одржуваат парковите, како и организации кои се занимаваат со шумарство и комунални услуги, односно оние  кои ги собираат лисјата од улиците. Веруваме дека таквите организации  со задоволство ќе ги проследат собраните лисја до вас. Организирајте место за собирање лисја каде што жителите ќе можат да ги складираат суровини за некаков надомест.

Опрема за обработка на лисја

За брзо добивање компост од паднати лисја, можете сами да ја направите опремата за производство. За ова се погодни метални цевки, греди или пластични цевки.

На YouTube можете да се најдат многу видеа за тоа како да направите ваков вид опрема, која скоро може да се нарече „уред“ или „машина“.

Кои се вашите клиенти?

Готов хумус може да се продава на градинари, вклучително и сопственици на расадници и комунални компании за садење и одржување на зеленилото во градовите. Во село каде скоро секој има своја градина или цветна градина, сигурно има многу од оние кои сакаат да купат хумус.

Брикети

Одлична опција за проширување на вашата понуда е производство на брикети (пелети). Брикетот е компресиран исушен лист во форма на цилиндар или таблета. За да ги поврзе и подобри запаливите својства, во брикетот се додава восок. Таквото гориво се користи за скари и камини.

За да отворите мини производство на брикети од лисја, ќе ви треба преса за брикети (хидраулична или ударна, механичка) како и комплекс за сушење на готовиот производ. Исто така брикетите  можете да ги исушите и  на свеж воздух. Технологијата на изработка можете да ја совладаѕе сами. Интернетот е непресушен извор на информации од оваа област.

Потрошувачи на брикети се сопственици на приградски куќи, приватни куќи, за чија употреба се користат камини или котли. Покрај тоа, биогоривата се многу барани кај различни земјоделски компании, живинарски фарми и слично.

aberdojde.mk

ShareTweetPin

Слични Posts

Акција „Овошно дрвце за пластични шишиња“ во општина Босилово
Приказни од селото

Акција „Овошно дрвце за пластични шишиња“ во општина Босилово

април 6, 2023
Ирена неуморно создава нови вкусови од локалното овошје и билки кои ги нуди регионот на Беровo
Приказни од селото

Ирена неуморно создава нови вкусови од локалното овошје и билки кои ги нуди регионот на Беровo

декември 14, 2022
Даниела Крстевска изработува сапуни со користење на природни состојки – бренд МОЈОТ САПУН
Приказни од селото

Даниела Крстевска изработува сапуни со користење на природни состојки – бренд МОЈОТ САПУН

ноември 30, 2022
Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил
Приказни од селото

Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил

декември 27, 2021
Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше
Приказни од селото

Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше

декември 22, 2021
„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово
Приказни од селото

„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

октомври 21, 2021

Прочитајте

Долно Дупени – рајот за душата

Долно Дупени – рајот за душата

април 3, 2021
Убавините на Кривошијска Река на Шар Планина

Убавините на Кривошијска Река на Шар Планина

март 2, 2021
ЗАШТИТА И ПРОМОЦИЈА НА ГРУПА ПЛАТАНОВИ СТЕБЛА ВО СЕЛО МОРОДВИС

ЗАШТИТА И ПРОМОЦИЈА НА ГРУПА ПЛАТАНОВИ СТЕБЛА ВО СЕЛО МОРОДВИС

март 19, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.