• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
четврток, февруари 2, 2023
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Културно наследство

Постои од 1626 година, а во него најстарата трикорабна христијанска базилика во Македонија – село Туденце

април 19, 2021
Постои од 1626 година, а во него најстарата трикорабна христијанска базилика во Македонија – село Туденце

На 13 километри од Тетово се наоѓа селото Туденце. Сместено во подножјето на планината Жеден, ова село постои уште од 1626 година. Низ годините се зголемувал и бројот на неговите жители, се менувала структурата и начинот на живот, но населението на ова мало село со городост раскажува за најстарата трикорабна христијанска базилика во Македонија, која се наоѓа токму на ова место. Тоа е манастирот Свети Георги Победносец.

        

 Манастирот ги бележи своите почетоци уште втората половина на шестиот век. Црквата има два влеза, големиот кој е и главен на западната страна и малиот на јужниот дел. Откриена е мермерна пластика во олтарот. Манастирот е изградена на старите темели врз основа на проект изработен од Благоја Стојковски, виш конзерватор во Националниот конзерваторски центар.

 Старите темели на црквата се откриени на ден 07.02.2004 година, кога на сега покојниот Тихомир Крстевски на сон му се јавил светецот Ѓорѓи Победоносец, кој му рекол „сите ме газите, а никому не текнува да ме открие. Да појдеш, да ме откопаш и да ме осветиш“, посочувајќи му точно на кое место се наоѓа храмот. Тихомир почнал да копа и на длабочина од половина метар ги пронашол ѕидовите на некогашниот храм во пределот на олтарот. Подоцна му се придружиле и други жители на Туденце и под надзор на Музејот на тетовскиот крај, по речиси еден месец работа локалитетот бил расчистен. И Според професорот Виктор Лилчиќ, црквата потекнува од втората половина на VI век. Во овој манастир , при иксопувањето и реставрацијата, се пронајдоа и остатоци од гроб со коски од епископ (а некаде се посменува дека се од висок црковен великодостојник).

       

Денеска, по асфалтиран пат од селото, на само 5-7 минути возење со автомобил, овој прекрасен манастир го нуди својот мир над селото на сите патници – намерници кои доаѓаат тука да се одморат. Пределот е идиличен, посебно во есен, иако планината го носи името Жеден – порано овој предел бил прилично сув и без многу шума. Но, сите оние кои дошле на ова место, имаат желба повторно да го посетат.

travelers.mk

ShareTweetPin

Слични Posts

На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити
Културно наследство

На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити

јуни 3, 2021
Виното во Македонија
Културно наследство

Виното во Македонија

мај 31, 2021
Во домот на водниот змеј – Плачковица
Културно наследство

Во домот на водниот змеј – Плачковица

мај 10, 2021
Виното тоа е живот
Културно наследство

Виното тоа е живот

мај 8, 2021
Радовишки марифети: ТАТЛИЈА
Културно наследство

Радовишки марифети: ТАТЛИЈА

мај 2, 2021
Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!
Културно наследство

Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!

мај 1, 2021

Прочитајте

Селото Клисура и Долината на кактусите!

Селото Клисура и Долината на кактусите!

март 27, 2021
Преку модерен концепт на собирање средства за купување садници, до пошумени неколку ридски предели во Македонија – Treebanks

Преку модерен концепт на собирање средства за купување садници, до пошумени неколку ридски предели во Македонија – Treebanks

април 17, 2021
Сместување кое ќе биде тренд во 2021,  а се наоѓа во Македонија

Сместување кое ќе биде тренд во 2021, а се наоѓа во Македонија

март 9, 2021

Популарно

  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од корењата на столетните стебла на чинарите (јавори) истекуваат 40 литри вода во секунда – Мокрински извори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.