• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
недела, април 2, 2023
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Културно наследство

ПОСЛЕДНИОТ ЌЕМАНЕЏИЈА: ОСАМЕН ЕКОТ ОД ВЕКОВНОТО ЌЕМАНЕ НА ДОСЕ

март 24, 2021
ПОСЛЕДНИОТ ЌЕМАНЕЏИЈА: ОСАМЕН ЕКОТ ОД ВЕКОВНОТО ЌЕМАНЕ НА ДОСЕ

Досе Ангелов од селото Станци секојдневно доаѓа кај Осоговскиот манастир и ја раскажува својата животна приказна низ звукот од инструментот стар над 100 години

Продорен тажен звук, како да доаѓа од некои дамнешни мачни времиња, одекнува катадневно во кругот на Осоговскиот манастир. Намерникот што таму пристигнува застанува за миг и се впушта во потрага по изворот на оваа мистична и тегобна мелодија. Во еден момент погледот застанува на спротивниот крај од манастирскиот комплекс, некаде кај конаците. Таму, ненаметлив, по малку срамежлив и со задлабочен поглед седи Досе Ангелов, еден од последните, како што вели, природни ќеманеџии во Македонија.

В рака го држи своето ќемане и се чини како да станал едно со дрвениот инструмент. Тегне со импровизираното гудало врз челичните жици и гледа кон далечината, како да сака да види до каде отпатувал звукот од ќемането со кое по цели денови свири и за гостите и за себе. Таму е речиси цело лето, со надеж дека некој добронамерник ќе му остави некој денар или, пак, ќе му даде ручек, колку да помине денот.

Ќемане постаро од 100 години

Вели дека инструментот е од неговиот дедо и дека поминале сигурно повеќе од 100 години откако од него одекнала првата мелодија. Направен е од оревово дрво. За жици нема пари, па става челични кои ги наоѓа овде-онде.

– Свирам од љубов. Од дедо ми го наследив ова ќемане уште како дете и оттогаш не го оставам од рака. Повеќе не може да се најде ваков инструмент, никој не ги прави како некогаш што било и ретко кој свири на ќемане. Можеби сум веќе и последна генерација свирачи на овој инструмент. Младите не се нафаќаат да го свират. Треба, како што се вели, ќемането да ти фаќа, односно да се има талент и желба – вели Досе.

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

Потекнува од селото Станци и има повеќе од 60 години. Работел во некогашната текстилна фабрика „Карпош-декор“ од Крива Паланка. Во времето на транзицијатастанал технолошки вишок и повеќе не можел да најде работа. Оттогаш единствена утеха му станало ќемането, па преку неговата мелодија си ја искажува маката што ја влече со години.

– Тоа беа убави времиња. Работевме за странски пазари. Убаво се живееше. Сега е поинаку. Оттогаш само маката ни остана. Секој си ја има и на свој начин си ја кажува – вели Досе.

Свири од љубов кон музиката

Кај манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ Досе доаѓа речиси секој викенд во текот на летото. Свири од љубов кон музиката, но и за посетителите, домашни и странски, кои таму поминуваат. Некој одвреме-навреме ќе му даде некој денар, на што е особено благодарен. Никому не му пречи, па од манастирот го оставаат да ги свири своите песни.

Сепак, тој праша дали има место за него во Скопје и дали некој би сакал да му ги чуе мелодиите. Сака да свири во главниот град, но не може да си го дозволи тоа. Нема место каде да преспие, ниту каде да се нахрани.

– Скапо е да патувам секој ден. Што за билет, што за храна, парите ќе отидат. Ќе ми остане само пуста желба. Овде ми е добро, барем сум на свое. Некогаш доаѓаат и странци, па застануваат и гледаат де во мене де во ќемането – вели ќеманеџијата.

Безвремени мелодии

По некое време поминато покрај Досе човек добива чувство дека неговите мелодии се безвремени. Песните како да немаат ниту почеток ниту крај. Како си да е една сплотена епопеја која тој низ музика ни ја раскажува од ден на ден.

По краткиот разговор Досе повторно го зеде инструментот в рака, го упати погледот кон далечината и ја почна својата нова музичка приказна со меланхоличниот звук што одекна од ќемането.

Тоше Огњанов/Телеграф МК

ShareTweetPin

Слични Posts

На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити
Културно наследство

На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити

јуни 3, 2021
Виното во Македонија
Културно наследство

Виното во Македонија

мај 31, 2021
Во домот на водниот змеј – Плачковица
Културно наследство

Во домот на водниот змеј – Плачковица

мај 10, 2021
Виното тоа е живот
Културно наследство

Виното тоа е живот

мај 8, 2021
Радовишки марифети: ТАТЛИЈА
Културно наследство

Радовишки марифети: ТАТЛИЈА

мај 2, 2021
Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!
Културно наследство

Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!

мај 1, 2021

Прочитајте

Прилепско Езеро – излетнички туристички локалитет со голем потенцијал

Прилепско Езеро – излетнички туристички локалитет со голем потенцијал

март 26, 2021
Реката и водопадот Уча – таинствена природа во Порече

Реката и водопадот Уча – таинствена природа во Порече

април 5, 2021
Локалните акциони групи – нова „тупаница“ во ревитализацијата на селото и руралните подрачја

Локалните акциони групи – нова „тупаница“ во ревитализацијата на селото и руралните подрачја

март 6, 2021

Популарно

  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од корењата на столетните стебла на чинарите (јавори) истекуваат 40 литри вода во секунда – Мокрински извори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.